10:45 - 12 ноември, 2026

Уште еден македонски пејач се зарази со корона: И покрај тоа што внимавав, вирусот стигна и до мене! (ФОТО)

Пејачот Боби Павловски пред само неколку минути на својот профил на Фејсбук ги извести своите пријатели дека се инфицирал со коронавирусот.

Како што пишува во неговиот статус и покрај тоа што внимавал и ги почитувал мерките, вирусот не го одминал.    

Неговиот статус ви го пренесуваме во целост:

„Пријатели, колеги, соработници, морам да ве известам дека за жал мојот тест за ковид е позитивен, покрај сите витамини, мерки и пазења, маски, дезинфекции, сепак стигна и до мене. Носете маски, држете дистанца, ако имате симптоми, пријавете, тестирајте се, седете дома, не ја ширете заразата, бидете совесни. Се надевам дека се ке помине најдобро. Пазете се и чувајте се“ – напишал Павловски на својот профил.

Инаку Боби важи за еден од најбараните пејачи за клубски настапи во нашата земја, а особено популарен е во нашиот главен град. Исто така тој има снимено и неколку песни на македонски и српски јазик.

Слични објави

Ѓорѓе Давид се пошегува со свршеникот на Мина Костиќ: „Премина на духови, тоа е сосема во ред“

Е.А.

Пет состојки за брз појадок — рецепт за златни погачици од тава

К.С.

Дневен хороскоп за 12 ноември: Пред да прифатите нов договор, проверете дали условите се навистина онакви какви што очекувате

apostolova

Се разбудивте со главоболка? Еве што открива науката за причините и кога треба да побарате помош

К.С.

Ѓоле Ѓогани за почетоците со Слаѓа Делибашиќ: „Не ни помислив дека ќе ми биде сопруга, а од татко ѝ се препортував“

Е.А.

Слобода Миќаловиќ за тајната на 17-годишниот брак со Војин Ќетковиќ: „Луѓето денес го изгубија смислот за љубов, приматот го зедоа парите и социјалните мрежи“

Е.А.
Се вчитува....