14:49 - 3 ноември, 2026

Укината двегодишната забрана за Аца Лукас – повторно може да настапува во Шведска!

На српскиот пејач Аца Лукас му е укината двегодишната забрана за влез во Шведска, со што повторно може непречено да настапува низ Европа.

Одлуката ја донеле надлежните институции, кои ја поништиле претходната мерка изречена од полицијата во март годинава, а со која на Лукас му беше забранет влез во земјата.

Пејачот пред неколку недели беше вратен од аеродромот во Гетеборг, каде требаше да одржи концерт, што предизвика големо внимание во јавноста. Тогаш, Лукас тврдеше дека не е виновен за ситуацијата и дека станува збор за административен проблем.

Неговиот тим, заедно со менаџерот Саша Мирковиќ, ангажирал адвокат во Шведска и поднел жалба на одлуката, која на крај била прифатена.

„Од документите сè е јасно. Ние секогаш ја зборуваме вистината“, изјави Мирковиќ, додавајќи дека случајот сега е затворен.

Со укинувањето на забраната, Лукас веќе подготвува нови настапи, вклучително и концерти кои претходно беа одложени поради оваа ситуација.

Да потсетиме, тој требаше да настапи заедно со Стефан Ѓуриќ Раста и Амар Гиле Јашарспахиќ, но поради забраната не се појави на концертот.

Слични објави

Јована Јоксимовиќ проговори за неизлечливата болест: „Научив да ги сакам своите мани“

E.A.

(Фото) Цеца е горда на најстариот внук: Тренира еден од најпопуларните спортови и реди успеси

Еспресо

(Фото) Ќерката на Дарко и Маја Панчеви како ангел на „Викторијас сикрет“ — Марија Панчева во гламурозно издание за Ноќта на вештерките

Еспресо

Зуица Лазова наполни 52 години – Наум Петрески не пропушти да ѝ запее на роденденската прослава

Еспресо

Плачеше пред да влезе во студиото, ја отпеа од првпат и продолжи да плаче“: Срцепарателни детали за тоа како Мишо Ковач ја сними песната за покојниот син

E.A.

Есенски десерт што мириса на цимет — направете вкусни емпанади со тиква

Еспресо
Се вчитува....