7.8 C
Скопје
10:27 - 1 април, 2026

Томас Маркл: Одлуката на Хари и Меган е збунувачка, ја повредија кралицата

Таткото на војвотката Меган Маркл, Томас Маркл, денеска изјави дека неговата ќерка и нејзиниот сопруг, принцот Хари, ја повредиле кралицата Елизабета Втора, со тоа што одеднаш одлучиле да се повлечат од високите кралски должности.

Засрамен сум, жал ми е за кралицата – изјавил Томас Маркл во утринското телевизискио шоу „Добро Утро, Британија“.

Тој додаде дека не разбира зошто Хари и Меган толку брзо решиле да ги напуштат кралските должности.

Нивната одлука е многу збунувачка и не верувам дека некој може да разбере како и зошто се случи тоа. Ваков раздор може да предизвика уште поголеми проблеми – рече Маркл.

Фото: Принтскрин

Томас Маркл, кој не присуствуваше на свадбата на Хари и Меган, рече дека и натаму ја сака својата ќерка и е разочаран што толку се оддалечиле.

Навистина ми недостасува ќерка ми – рекол тој.

Сепак, вели дека е подготвен да излезе на суд со својата ќерка во процесот во кој Меган го тужеше весникот „Мејл он сандеј“.

Ако дојде до тоа да се сретнеме во судница, тоа би било супер, конечно ќе ги видам – истакнува Маркл, кој додал дека досега не го запознал ниту Хари, ниту неговиот внук.

Томас Маркл исто така вели дека Хари требало да го посети и да ја побара раката на неговата ќерка.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Хороскоп за 1 април: Близнаците откриваат вистина што ги менува, Вагите наоѓаат баланс во себе

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо
Се вчитува....