6.8 C
Скопје
04:47 - 21 февруари, 2026

Том Круз никогаш не се борел за старателство над својата најмлада ќерка: Еве зошто актерот се откажа од Сури

Иако со години низ медиумите кружеа различни теории зошто Том толку брзо се откажа од старателството над девојчето, според „Ентертејмент тајмс“ вистинската причина за одлуката на актерот е поврзана со неговата религија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tom Cruise (@tomcruise)


Имено, кога поранешната двојка објави развод, на изненадување на многумина, беше постигнат договор за старателство над Сури за помалку од една недела, па тогаш, без драмски и медиумски препукувања, тие се согласија да имаат заедничко старателство. Сепак, набргу после тоа, Кејти се пресели во Њујорк со својата ќерка, и од тогаш, малото девојче и нејзиниот татко изгубиле контакт.


Според споменатиот портал, причината за незаинтересираноста на Том и „кревањето раце“ од неговата ќерка лежи во фактот дека тој е член на Скиентолошката црква, која ги забранува неговите контакти со девојчето сите овие години, бидејќи и таа не е член на истата црква.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Suri Cruise (@suri.cruise.diary)


Иако самата црква негираше, во едно од интервјуата, актерот призна дека неговата поранешна сопруга поднела барање за развод затоа што се плашела токму од тоа – дека тој, со Скиентолошката црква, ќе има премногу влијание врз нивната ќерка, бидејќи неговите две постари деца, ќерката Изабела и синот Конор, кои беа посвоени додека беше во брак со Никол Кидман, се исто така членови на споменатата црква.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....