22.2 C
Скопје
08:12 - 9 јуни, 2026

Теа Таировиќ си доби своја ѕвезда во Бугарија: Името ѝ се најде среде имиња на холивудски ѕвезди!

Младата музичка ѕвезда синоќа настапи во Софија, во еден престижен локал, а менаџментот на прочуениот хотел во кој одседнуваат светски познати личности ја изненади Теа со несекојдневен подарок!

Тea Таировиќ синоќа во Бугарија одржа спектакуларен настап, за кој се бараше билет повеќе! Дружењето со публиката во Софија, како и секогаш, беше феноменално, па пејачката реши да го продолжи настапот на огромно воодушевување на присутните.

Не е тајна дека Теа е една од најомилените музички ѕвезди во Бугарија последниве години, а доказ за тоа е изненадувањето кое ја пречека во престижниот хотел во Софија каде што отседнала. Имено, во хотелот постои „патека на славните“ со ѕвезди во кои се испишани имињата на сите што престојувале таму, а кои поради светската слава и популарност заслужуваат да имаат своја ѕвезда, налик на оние во Холивуд. Меѓу нив се: Бил Клинтон, Џејсон Стетам, Феде Ле Гранд, Мајкл Мороне, Роби Вилијамс и многу други.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)

Така, покрај бројни холивудски ѕвезди, славни музичари, па дури и еден претседател – своја ѕвезда со име доби и Теа!

– Искрено се израдував на овој гест и тоа е навистина знак на внимание кој ве остава без зборови! Секогаш со радост се враќам во Бугарија, затоа што уживам во дружењето со тамошната публика! Секогаш има една посебна и моќна енергија! Со нетрпение го очекувам следното видување – изјави Таировиќ.

Пејачката оваа година ги собори сите рекорди кога станува збор за настапи, а неодамна откри дека кон крајот на годината за својата публика го подготвува продолжението на албумот „Aska 2“, на кој веќе активно работи.

Слични објави

Хороскоп за 9 јуни: Лавови, изненадете го партнерот со љубов, Водолиите соработувајте со колегите

Еспресо

„Бевме две и пол години во врска, нè викаа убавицата и ѕверот“ – Светлана Црнокрак откри детали за врската со Благоја Грујовски

Еспресо

Се огласи семејството на Мина Костиќ, ова се најновите детали за состојбата на пејачката 

Еспресо

„Голем е притисокот во оваа работа, ќе почнам да одам на психотерапија“: Српска пејачка проговори за случувањата на естрадата и менталното здравје

Е.А.

Николија првпат проговори за наводната афера на Реља и Анита Станојловиќ

Еспресо

(Видео) Јелена Розга никогаш не сме ја виделе ваква, носи стајлинг кој не излегува од мода

Еспресо
Се вчитува....