11.8 C
Скопје
16:21 - 30 март, 2026

Теа Таировиќ инвестира во луксуз: Купи станови во Белград и Црна Гора вредни над 700.000 евра

Популарната пејачка Теа Таировиќ, која важи за една од најуспешните и најангажирани млади ѕвезди на балканската музичка сцена, повторно привлече внимание – овојпат не со нова песна или настап, туку со сериозни инвестиции во недвижнини, пишува српски „Курир“.

На врвот од својата кариера, Таировиќ мудро ги искористи приходите од настапите и концертите, вложувајќи ги во она што многумина го сметаат за најсигурна инвестиција – недвижности. Таа неодамна стана сопственичка на стан во центарот на Белград, вреден околу 300.000 евра, кој го купила во готово со помош на агент во кого имала целосна доверба.

Фото: Скриншот

Со новиот дом, Таировиќ започна и ново животно поглавје, вселувајќи се заедно со својот партнер. Нејзината блиска околина открива дека оваа аквизиција ѝ била долгорочна желба, а со својата дисциплина и посветеност успеала да ја реализира без никакви кредити.

Но, тука не застанала. Љубовта кон морето и Црна Гора ја инспирирала да вложи и во втор дом – луксузен апартман во Бока Которска, кој го платила 430.000 евра. Според извори, пејачката била решена нејзиниот летен дом да има пространа тераса со поглед кон морето и модерен безбедносен систем.

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....