11.8 C
Скопје
10:06 - 31 март, 2025

ТАТКО МУ БИЛ ЗАВИСНИК ОД ХЕРОИН, МАЈКА МУ СЕ ПРЕМАЖИЛА ТРИ ПАТ, А ТОЈ ДИСЛЕКСИЧАР: Кијану Ривс за депресијата и суштината на животот

Животот на Кијану Ривс е проткаен со бројни трагедии и тешки моменти. Неговиот татко бил зависник од хероин кој го напуштил семејството кога Кијану имал само три години, по што неговата мајка се премажила три пати. Како помлад бил дислексичар, а притоа и никогаш не дипломирал.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keanu Reeves (@keanu_reeevesss)


Уште една голема трагедија го погоди кога неговиот најдобар пријател, младиот актер Ривер Феникс, почина од предозирање во 1993 година. Актерот никогаш не се помирил со неговата смрт.

Од сите неволји што го снашле научил што е вистинска среќа и радост во животот. На прашањето кој е рецептот за среќа, тој го кажал следново:

„Ги гледаш ли овие луѓе зад мене? Тие брзаат на работа и не обрнуваат внимание на ништо. Понекогаш сме толку посветени на секојдневниот живот, што забораваме да одвоиме време за да уживаме во убавината на животот. Како да сме зомби“ – истакнал актерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keanu Reeves (@keanu_reeevesss)

„Погледнете наназад и извадете ги слушалките од ушите. Поздравете некого, прегрнете некој кој изгледа како да страда. Помогнете некому“, рекол актерот и додал:

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keanu Reeves (@keanu_reeevesss)

„Живеете го секој ден како да ви е последен. Она што луѓето не го знаат за мене е дека сум депресивен во последните неколку години. Никому не сум кажал за тоа. Морав да најдам излез од депресијата. Личноста што ме спречуваше да бидам среќна, бев ЈАС“

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Keanu Reeves (@keanu_reeevesss)

„Секој ден е посебен и така треба да се доживее. Утре на никој не му е загарантирано, живејте денес“ – завршил актерот.

Слични објави

(Фото+видео) Голема прослава за роденденот на Виктор Живојиновиќ: Брена запеа, пристигна торта со огномет, „падна“ и бакнеж со неговата девојка

Еспресо

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо
Се вчитува....