11:12 - 31 март, 2026

Тајфата, Димитар и 10 девојки во новиот спот за “Не си моја” (ВИДЕО)

Летните одмори веќе завршија и време е да се засукаат ракавите. Токму тоа го сторија Тајфата и Димитар Андоновски и снимија нова песна. Станува збор за нумера која ќе се најде на нивниот прв албум кој треба да биде промовирам многу наскоро.

Новото “чедо” на момците се вика “Не си моја”, а како автори се потпишуваат кои други ако не, туку Лазар и Магдалена Цветковски.

Скриншот

Интересна љубовна приказна преточена во уште поинтересен видеоспот во кој освен Диме, Аце, Влатко и Чирта, се појавуваат уште 10 преубави девојки.

– Мислиме дека доста не чекаше публиката да извадиме нова песна. Лазар и Ена направија уште една одлична тема за која убедени сме дека ќе им се допадне на сите што слушаат добра музика. Инаку спотот се снимаше на неколку различни локации во Скопје, а Дарио Јанковиќ си ја заврши маестрално својата задача – велат од бендот.

Инаку Тајфата и Димитар не застануваат тука. Тие буквално глава не можат да кренат од настапите кои ги имаат ширум државата, но сепак ветуваат дека во иднина ќе бидат повеќе активни кога станува збор за авторска музика.

Погледнете го спотот и уживајте:

Слични објави

(Видео) Тоше Зафиров: На мажот му треба секс и добра храна од жената, и така нема да помисли на друга

msp-admin

(Фото) Мис Емилија Розман се пофали со бујното деколте: Машала!

msp-admin

(Фото) Ханка Палдум блесна во Загреб, ноќ полна со емоции за Тома Здравковиќ

apostolova

(Фото) Уникатен дар за мајка си од Лора: Ќерката на Турунџиева направи нешто посебно

msp-admin

(Фото) Карлеуша објави фотографија без шминка – Кој би рекол дека пејачката изгледа вака?

Еспресо

Евровизија е сатанистичка, на ништо не личи: Наум Петрески со остра критика

Еспресо
Се вчитува....