5.8 C
Скопје
02:44 - 1 април, 2026

МАРК ЦУКЕРБЕРГ повторно МЕЃУ ДЕСЕТТЕ НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ во светот: Основачот на Фејсбук се збогатил за 11 милијарди долари!

Основачот и директор на компанијата „Мета“, Марк Цукерберг е побогат за 11 милијарди долари, а со тоа повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот.

Ова се случило на 28 април кога вредноста на „Мета“, во чие сопствеништво се Фејсбук и Инстаграм, пораснале за 17%. Со тоа Цукерберг за само еден ден стана побогат за 11 милијарди долари.

На Вол Стрит очекуваа дека во првиот квартал годинава „Мета“ ќе има најспор раст во последните неколку години, но инвеститорите беа многу задоволни откако забележаа зголемување на бројот на корисници, што е еден од клучните критериуми.

Поранешниот пад на вредноста на акциите влијаеше на вредноста на богатството на Цукерберг. По два месеци повторно се најде меѓу десетте најбогати луѓе на светот – неговото богатство вреди 65 милијарди долари.

Најголемиот конкурент на Фејсбук е ТикТок, а предизвик му се и промените во сигурносните политики на „Епл“, како и блокадата, не само на Фејсбук, туку и на Инстаграм во Русија, пренесе Си-ен-ен.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....