-0.2 C
Скопје
08:57 - 19 февруари, 2026

(ФОТО) Сузана Турунџиева: Ако често пати сте незадоволни од вашиот живот, ви предлагам да отидете и да прошетате низ ходниците во Клиниката за онкологија

Нашата позната пејачка, водителка, писателка и професорка Сузана Турунџиева на својот инстаграм – профил сподели фотографија од Универзитетска клиника за радиотерапија и онкологија во Скопје со цел да пренесе моќна порака до сите оние кои на момент се незадоволни од своите животи, а се комплетно здрави.

На фотографијата е прикажано едно уметничко дело на уметницата Андријана Мациев, чиј живот прерано згасна по борбата со тешката болест. Ова уметничко дело кое Андријана го наслика беше создадено за пациените кои се лекуваат на оваа клиника, уште пред таа да биде пациент на истата клиника.

„Ако често пати сте незадоволни од вашиот живот, мислите дека тој е неправеден, нефер, и дека баш вие сте невиден баксуз, малер, а сите други се посреќни од вас, ви предлагам барем 2 пати во годината да отидете и да прошетате низ ходниците во клиниката за онкологија, па откако ќе излезете од таму да знаете зошто треба секојдневно да се заблагодарувате ЗА СЕ ШТО ИМАТЕ наместо да кукате за она што го немате.
п с. Прекрасната Андријана Мациев, која немаше среќа да ја победи битката со опаката болест стана бесмртна и продолжи да живее на овој ѕид, во еден од ходниците за кои ви зборував“ – напиша Сузана во описот на фотографијата.

Во 2020 на роденденот на Андријана ѝ беше дијагностициран рак кој метастазирал на коските и црниот дроб. Мината година пак, по солга борба со хемотерапии и зрачење, уметницата токму на својот роденден објави со радост дека одлично се чувствува, а потоа следуваа и изложби и работа на сопствената книга на оваа тематика. Книгата остана недопишана.

Слични објави

(Фото) Прорези горе и долу: Сека Алексиќ провоцира во тесен фустан, облините во преден план

Еспресо

Хороскоп за 19 февруари: Овните треба да избегнуваат импулсивни одлуки, Лавовите ќе го истакнат своето лидерство

Еспресо

(Фото) Ѓина Џиновиќ доби 1.000 црвени рози: Во свилена бањарка позираше покрај огромните букети

Еспресо

Принцот од Врање стана сензација во Азија: Кинезите воодушевени од Стефан Здравковиќ

Еспресо

Ленче и Горан Кукиќ имаат голема причина за славење и за частење

apostolova

„Би одел со Јелена кај Луна Ѓогани“ – Слоба Радановиќ изненади со признание за поранешната девојка

Е.А.
Се вчитува....