14.8 C
Скопје
22:50 - 4 мај, 2024

Стар шармер: Холивудската убавица била воодушевена од јагнешкото на Раде Шербеџија

Раде Шербеџија

Актерот Раде Шербеџија, кој зад себе има богата актерска кариера која ја започна во Југославија, а ја продолжи во Холивуд, неодамна гостуваше во емисијата „Код нас дома“ на Хрватската радио-телевизија.

Тој низ годините соработуваше со најголемите холивудски ѕвезди како Том Круз, Анџелина Џоли и Шарлиз Терон.

Постои позната анегдота дека актерот ја шармирал Шарлиз Терон со јагнешко месо. Шербеџија во емисијата изјави дека Терон е убава и прекрасна личност.

Тие заедно го снимаа филмот „Mighty Joe Young“ во 1997 година, а во тоа време многу се дружеа приватно.

„Тогаш се специјализирав за правење јагнешко месо на скара, во мојот двор. Имав голем двор, па кај мене доаѓаа стотина луѓе на дружба. Сите тие беа познати имиња. Шарлиз го сакаше моето јагнешко. Навистина добро го правев“, истакна Шербеџија.

Тој истакна дека во Лика научил да подготвува јагнешко месо од дедо му. Кога живеел во Холивуд, набавувал јагне од Нов Зеланд, но не замрзнато.

„А тоа е добро јагне од Нов Зеланд“, рече Шербеџија.

Актерот истакна дека квалитетното месо е клучно за добро подготвено јагнешко на скара. Но, треба и да знаете како да направите добар оган, вели тој.

Фото: Скриншот/ХРТ

Сепак, Шербеџија веќе не го подготвува овој специјалитет, бидејќи седум години не јаде јагнешко месо, поради неговото здравје.

„Велат дека има многу холестерол“, изјави познатиот актер.

Тој се осврна и на анегдотата со Ал Пачино. Имено, тој во 1997 година изнајмил куќа во Малибу и еден ден отишол да сурфа. Меѓутоа, еден бран го „превртел“ и со главата удрил во дното.

„Тоа беше страшен удар, едвај испливав надвор, никако не можев да ја кренам раката. Веднаш ме однесоа во болница, ги завршив сите прегледи и во тој момент влезе Ал Пачино. Седев околу половина час и ги чекав наодите. После тоа се упатив кон излезот, но излезе и Пачино. Буквално се погледнавме очи во очи, а јас будалата му велам: Се сеќаваш ли на мене?, а тој ми одговори: „Не“. Тогаш го потсетив дека пред две години добивме награда во Венеција. Тој ја освои наградата за животно дело, а јас ја добив наградата за најдобар актер на фестивалот („Пред дождот“). И мојот филм тогаш ја освои Венеција. По наградата заедно пиевме, се шегувавме и разговаравме“, нагласи Шербеџија.

„И тој беше замаен, па рече: ‘Па, што?’“, изјави познатиот актер.

(Видео) Новогодишна порака од Раде Шербеџија: „Секој човек има иста душа, како и ти…“

Слични објави

(Видео) Никола Роквиќ за Велигден во манастирот Свети Никола: „Многу се радувам…“

еспресо

(Фото) Бритни Спирс загрижува со однесувањето: По хаосот и расправијата си заминала боса

еспресо

(Фото) Во домот на Лепа Брена сѐ е подготвено за Велигден! Синот на пејачката се пофали со празничната атмосфера

Еспресо

(Видео) „Четири километри во кал…“: Никола Роквиќ пешачи 13 дена, се огласи колку пари собрал

Еспресо

Велика сабота: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

„Фала Богу што сум жива“: Познатата фолкерка доживеа тешка сообраќајка, објавени сликите од автомобилот

Еспресо
Се вчитува....