7.8 C
Скопје
10:33 - 1 април, 2026

СПЕЈСИ ПО ДВЕ ГОДИНИ ПАУЗА: Ме искористија, животот ми заврши (ВИДЕО)

Актерот Кевин Спејси кој пред околу две години беше обвинет за сексуален напад врз 18-годишник, го одржа својот прв јавен настап откако тогаш се повлече од јавноста.

Тој минатиот месец беше ослободен от обвинението, со што избегна петгодишна затворска казна. Двојниот оскаровец се врати со својот препознатлив хумор, пред археолошкиот музеј „Palazzo Massimo alle Terme“ во Рим.

Тој пред публиката ја изрецитира поемата „Боксер“ на Габриел Тинти, во која се зборува за спортистот кој жали за губењето на својата некогашна популарност.

Еден од стиховите тој особено го потенцирал:

„Колку сте поранливи, толку сте поголеми. Ме искористија за оваа забава, се хранеа со сомнителни нешта. Животот заврши во еден миг.“

Со ова им испратил силна порака на сите оние кои веруваа дека е виновен за сексуалното злосторство за кое беше обвинет. Спејси беше ослободен од обинението откако подносителот на тужбата, наводната жртва, одби да сведочи пред судот.

Слични објави

Почина човекот-феномен кој со голо тело пржеше виршли и загреваше вода до вриење, Биба Струја

E.A.

(Фото) Лара Чолиќ за првпат во јавноста по бомбата која беше фрлена на нивниот дом

Еспресо

(Видео) Колегите на Спенџарска и Роберт открија што ги нервира кај нив

Еспресо

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо
Се вчитува....