7.8 C
Скопје
23:10 - 1 април, 2026

Сочни детали од „Spare“: Принцот Хари ја нарекува Камила „лошата маќеа“, Вилијам – „личен непријател“

Нови детали испливуваат од долгоочекуваната книга на принцот Хари.

инстаграм

Имено, принцот Хари во своите мемоари тврди дека тој и неговиот брат не сакале кралот Чарлс да се ожени со неговата долгогодишна љубов Камила Паркер-Боулс. Мемораите ќе бидат објавени следната недела. Хари објаснува: „Се сеќавам дека се прашував… дали [Камила] би била сурова кон мене; дали ќе биде сите лоши маќеа во приказните“.

Деталите за тоа како се чувствувале принцот Вилијам и Хари за нивната тогашна нова маќеа, протекоа вчера откако книгата беше објавена во Шпанија пред нејзиниот официјален датум на објавување закажан за вторник, објави Дејли мејл. Шпанскиот наслов на книгата  En La Sombra, или „Во сенките“.

Хари додаде дека и тој и Вилијам едноставно не сакале Чарлс повторно да се ожени. Војводата се сеќава како за прв пат ја сретнал Камила, која тој и неговиот брат ја нарекувале „другата жена“: и дека за него тоа не било воопшто пријатно искуство. Тој ја опишува нивната средба како болна „инјекција“, за која морал да биде подготвен: „Требаше да ги затворам очите и така да не ја почувствувам болката“, пишува тој.

Понатаму открива дека најсилно обединети двајцата браќа биле всушност кога биле против идната сопруга на татко им, додека речиси за се друго во животот на Вилијам -кој во книгата го нарекува Вили – гледал како на „личен непријател“ и негов „противник“.

Хари во книгата се навраќа и на средбата и дискусијата која се случила по погребот на принцот Филип, и тој пишува: „Го погледнав Вили, навистина го погледнав, можеби за првпат откога бевме, фаќајќи го секој детал: неговото познато намуртено лице, кое отсекогаш беше норма во неговите односи со мене“.

Хари понатаму тврди дека постарите членови на кралското семејство не разбирале и не се мачеле да разберат зошто тој и Меган ја напуштиле земјата.

Слични објави

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.
Се вчитува....