9.8 C
Скопје
19:26 - 10 март, 2026

Славниот менаџер откри: Добиваат и по 4.000 евра за ноќ, патуваат во Дубаи, пијат шампањ и уживаат на јахти, но не е се така сјајно!

Додека можеби „невкусно“ ни изгледаат различни сцени од некое реално шоу на нашите простори, во британските ријалити тоа е сосема нормало, а дури и кога ќе излезат од самото шоу, повторно добиваат недолични понуди.

Менаџерот Роб Купер за британските медиуми открил дека поранешните кандидатки од познатите ријалити, после излегување од нив добивале понуди и од 4.000 до 20.000 фунти за да поминат една ноќ со нив.

Некои од нив и самите признале дека имале понуди за секс, дури и дека некои од нив ги прифатиле.

Таков е и примерот на Софи Андертон (42), која се натпреваруваше во британската верзија на  „Големиот брат“. Таа обелодени дека добила дури 50.000 фунти за пет секс „сесии“.

Познато е дека и старлетата Кејти Прајс (41) добила околу 15.000 фунти за една ноќ со фудбалерот Адам Џонсон, меѓутоа никогаш не го признала тоа. За ваквите предлози проговориле и ријалити ѕвездите Ларен Гоџер и Меган Бартон.

Споменатиот менаџер тврди дека работите функционираат така што влијателни мажи ги гледаат овие жени на телевизија и потоа им нудат пари за да спијат со нив – односно дека скоро секое реално шоу станува јавен каталог.

„Помеѓу 2013 и 2018 година, постоеше постојан раст на бројот на мажи кои сакаат славни жени покрај себе и им испраќаат различни предлози“, објаснил Купер за магазинот „Грациа“, па додал дека од почетокот на оваа година се забележува драстичен пораст на богаташи кои сакаат да „изнајмат“ телевизиска личност за секс.

„Тоа стана нормално бидејќи славата не е онаква како што многумина ја замислуваат. Голем број поранешни славни ѕвезди, запаѓаат во финансиски проблеми после учеството во некое реално шоу и мора да се соочат со реалноста. Мора да се вратат на работата која предходно ја работеле или да прифатат вакви понуди“, рекол тој.

Овој менаџер на славните истакнал дека и лично познава огромен број ријалити учесници кои прифатиле вакви понуди, но и гламурозни модели и девојки на фудбалери.

„Поголемиот дел од тие понуди вклучува и луксузни патувања во Дубаи или некоја друга егзотична дестинација, што им овозможува да се фотографираат за Инстаграм, како и да пијат многу шампањ и да летуваат на јахтите. Сето тоа станува многу тажно и загрижувачко“, заклучил менаџерот.

Слични објави

Поднесена кривична пријава против човекот што донесе јагне на настапот на Десингерица: Обвинет е за злоставување животни

Еспресо

(Фото) Видно ослабена: Голема промена кај пејачката Наде Талевска

Еспресо

Древното пророштво на Нострадамус и модерната војна: „Ќе се подигне голем рој пчели“

Еспресо

(Фото) Жељко Самарџиќ пее на „Кнез Михајлова“ – минувачите зачудено го гледале!

Еспресо

Сопругата на Дарко Лазиќ бесно возврати: Државата не ни го плати ниту одморот, ниту враќањето од Малдивите!

Еспресо

Јаков Јозиновиќ по скандалот со откажаниот концерт на Цецински: „Ние продолжуваме да шириме љубов“

Еспресо
Се вчитува....