7.8 C
Скопје
20:24 - 1 април, 2026

Славната пејачка Селин Дион се прости од својата мајка со емотивна порака (ВИДЕО)

Мајката на славната пејачка почина во својот дом опкружена со семејството и пријателите.

Терез Дион, мајката на познатата пејачка Селин Дион, почина на 92-годишна возраст.

Точната причина за смртта не е позната за јавноста, но Клодет, постарата сестра на Селин, рекла дека минатата година нивната мајка се соочувала со тешки здравствени проблеми. Го губела помнењето, видот и слухот ѝ се оштетиле, пишува NY Post.

Терез Дион и нејзиниот сопруг, позади себе оставиле бројно потомство. Селин Дион, верувале или не, има уште 13 браќа и сестри.

„Мамо, многу те сакаме. Вечерашниот концерт ти го посветувам на тебе и ќе пејам со целото срце“, напишала на француски и англиски на својот инстаграм-профил пејачката вчера.

View this post on Instagram

Je t’aime maman ❤️? – Céline xx…

A post shared by Céline Dion (@celinedion) on

Терез Дион не била позната само поради тоа што била мајка на славната пејачка. Таа имала своја емисија за готвење на француската телевизија TVA до 2002 година.

Таа ја основала и фондацијата „Maman Dion“, која на почетокот на секоја училишна година овозможувала училишна опрема и облека за децата на кои им е потребна помош.

Слични објави

„Ми недостигаат нашите гушкања“ – Се разоткрија флерт-пораките на принцот Хари со новинарката

Т.Ц.

Живее во Монако, заработува на Балканот! Ова се тајните бизниси на свршеникот-милионер на Мелина Џиновик

Еспресо

(Видео) Дамјан Стојаноски објави снимка од детството – на две години настапил со татко му Војо во Универзална сала

Еспресо

Огњен Амиџиќ за состојбата на Зорица Брунцлик: „Сакам да помине што побезболно!“

Еспресо

(Фото) Бони Блу призна дека ја лажирала бременоста – Ѕвездата на Онлифанс не престанува да шокира!

Еспресо

Магични моменти – уникатни декорации што ја претвораат секоја прослава во вистинска бајка

Еспресо
Се вчитува....