Американската глумица Шеј Мичел ужива во првите мајчински денови откако кон крајот на октомври го доби првото дете. Тогаш откри дека родила ќерка, а таа и нејзиниот долгогодишен партнер Мат Бабел досега немаа објавено други детали.
Шеј ги изненади обожавателите со првите фотографии од ќерката, а конечно е познато и нејзиното име.
„Атлас Ноа, во моите 32 години живот видов многу места, преживеав бројни работи, запознав луѓе и почувствував љубов, а тогаш дојде ти“, напиша глумицата во емотивниот пост на Инстаграм.