7.8 C
Скопје
20:16 - 11 март, 2026

ШАРЛИН ОД МОНАКО РОДЕНДЕНОТ ГО СЛАВИ ВО БОЛНИЦА: Тежи 46 килограми, има проблеми со голтањето

Најновите гласини зборуваат за тешкотија во исхрана на принцезата од Монако, која моментно има само 46 килограми.

Денес Шарлин од Монако дува 44 свеќички (родена на 25 јануари 1978), но роденденот ќе го помине на клиника. Таа не била пуштена да излезе од болница поради здравствени проблеми. Гласините зборуваат за потешкотии во исхраната и загубата на повеќе килограми и дека сега наводно тежи само 46 килограми, односно дополнителни четири килограми помалку отколку кога се вратила од Јужна Африка.

Од кралството се уште не коментираат за здравствената состојба на принцезата. Во меѓувреме, Шарлин ќе мора да остане во Цирих на клиниката каде се лекува последните четири месеци.

Принцот Алберт се надевал на враќање на принцезата во Кнежеството до крајот на јануари, но, според последните гласини, тоа изгледа невозможно. Сепак, роденденот нема да го помине сама. Всушност, принцот од Монако изнајмил вила во близина на клиниката во Цирих за да биде поблиску до својата сопруга, а се зборува дека со него се и децата Жак и Габриела за заедно да го поминат роденденот на нивната мајка.

Според списанието „Ројал Центарл“ Шарлин се уште јаде само течна храна. Лекарскиот тим на клиниката во Цирих будно ја следи здравствената состојба на принцезата и се грижат таа да ја врати силата. Истото списание пишува дека „Шарлин од Монако се лекува од психичко страдање“, додека прицнот Алберт, сепак, остро ги негираше овие тврдења. Принцот целосно негираше дека принцезата има психички нарушувања туку закрепнува од заболувањето поврзано со инфекцијата која ја имала на грлото, носот и увото.

Слични објави

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо

Загина братот на Дарко Лазиќ во сообраќајна несреќа со мотоцикл

Еспресо

„Зошто ја сакам?“: Како зборуваше големиот југословенски шармер Драган Николиќ, за кого љубовта беше пред сè

Еспресо

Марија Микиќ откри сè за односот со Милица Павловиќ: На работ на солзи, објасни што направила нејзината колешка

Еспресо
Се вчитува....