10.8 C
Скопје
12:01 - 30 март, 2026

Шакира во кошмар од додворувачи кои ја демнат пред домот, алармирала полиција

Љубовни пораки пред домот и во поштенското сандаче на Шакира. Разделбата со Пике направи голема врева, а додворувачите на колумбиската поп-ѕвезда тропаат на вознемирувачки начин на нејзината врата.

Шакира е во канџите на љубовта. Го откри неверството на нејзиниот поранешен партнер, фудбалската ѕвезда Пике, и сега чекајќи ја преселбата во Мајами, поп-ѕвездата живее во Барселона со двата сина Милан и Саша. Откако секој си тргна по свој пат, Шакира е „сингл“ и сосема посветена на децата, а Пике продолжува со страсните ноќи и забави.

Вечерта меѓу недела и понеделникот улицата пред куќата на колумбиската ѕвезда се претвори во дневник на љубовни фрази: „Те сакам убава жено“, „Дојдов овде за тебе, љубов моја“, „Подготвен сум да се омажи за тебе во овој момент и да те поддржам“… Дузина изјави на љубов за Шакира, потпишани од извесен Алекс кои ја вознемириле ѕвездата до толку што повикала полиција.

И не само таа ноќ. Претходните денови извесен маж – не се знае дали е истиот човек – оставил љубовно писмо во поштенското сандаче на Шакира.

За Шакира продолжувањето да живее во Барселона без Пике, особено по последните случувања, изгледа како коцкање и постои реална можност поп ѕвездата брзо да донесе одлука да ја напушти Шпанија. Милан и Саша би заминале со мајка си, но не е исклучено Шакира да биде притисната од судот децата да мора да останат да живеат во близина на таткото. Правна битка, доколку започне, ќе биде вистински кошмар и за двете ѕвезди, а особено за децата.

Слични објави

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо

(Видео) Се вратив дома по 3 сабајле: Наум Петрески откри што му се случило на настап во Прилеп

Еспресо

(Фото) Копија на татко му: Шестгодишниот син на Вељко Ражнатовиќ ги покажа исклесаните стомачни мускули!

Еспресо

(Фото) Гавазова изненади во холивудски гламур, ваква не ја знаеме

Еспресо

Прво огласување на Аца Лукас по приведувањето во Шведска: Точно е дека имаше проблем…

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо
Се вчитува....