15:37 - 3 април, 2026

Северина веќе не е Којиќ! На Инстаграм го избриша презимето на сопругот

Пејачката Северина (47) ги изненади фановите на Инстаграм кога го избриша презимето Којиќ и продолжи да го користи името со кое ја започна својата кариера. Сплиќанката на Инстаграм ја следат дури еден милион и 200.000 фанови, таа го следи само Игор.

Овој потег не можеше да помине незабележано кај нејзините фанови и во медиумите. Веднаш почна да се шпекулира дека нешто не е во ред меѓу брачниот пар.

Ваквите шпекулации се засилија откако Северина се појави на едно доделување на награди без придружба на сопругот.

– Севе дојде сама да ја преземе наградата, што на сите им беше чудно бидејќи од Игор скоро никогаш не се разделува. Дека меѓу нив сè не е во ред, беше јасно откако ја прашаа каде е Игор, а таа само кратко одговори: „Не дојде со мене“ – рекол извор кој се затекнал на лице место, а пренесоа медиумите од регионот.

Инаку Северина неколкупати на социјалните мрежи нагласи колку добар однос има со свекорот и со свекрвата. Во Белград таа се фотографираше со нив, а со тоа се пофали и на социјалните мрежи.

– Оља и Драган, најдобрите свекрва и свекор на светот… Моето семејство во светот на неизвесноста, љубовта и поддршката. Прекрасно е што ги имам! – напиша Северина на Инстаграм.

 

Слични објави

Индира Радиќ вложила 300.000 евра во Грција: Купила 5 апартмани и заработува сериозни пари

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го распродаде осмиот концерт во белградскиот Сава центар за 15 минути, па најави и деветти

A.J.

„Заљублив сум по природа“: Јаков Јозиновиќ е вистински шармер, а сега откри дали има посебна личност во неговиот живот

К.С.

(Видео) Мажена, па разведена со две деца: Стојне Николова изненади со нова приказна

Еспресо

(Фото) Александра Пријовиќ во луксуз од 50.000 евра – дијаманти од 43.700 евра и чанта од 8.900 евра

Еспресо

По долго време, се огласи пејачот Ѓорѓи Крстевски со посебен повод

Еспресо
Се вчитува....