11.8 C
Скопје
16:25 - 30 март, 2026

Семејството на Саша Поповиќ издаде важно соопштение: Имаат важна молба!

Во четвртокот се одржа 40-дневниот помен на Саша Поповиќ, креативниот директор на „Гранд“, кој почина на 1 март на Клиниката за онкологија во Париз, по долга и тешка болест.

Неговото семејство и најблиските пријатели тој ден го посетија неговиот вечен дом, а неговата сопруга Сузана, ќерката Александра и посинокот Даниел не можеа да ја сокријат тагата на нивните лица.

Тие денеска за првпат се огласија по смртта на Саша и излегоа со соопштение поради одредени невистини и шпекулации кои се појавија по смртта на Саша.

„Поради бројните невистинити информации кои се појавија во медиумите во врска со заминувањето на нашиот сакан Саша Поповиќ, семејството се обраќа до јавноста со искрена молба.

Ги молиме сите медиуми, новинари и јавноста да ја почитуваат нашата тага и приватност во овој тежок момент. Невистините вести и шпекулации кои се пласираат не само што го повредуваат нашето семејство, туку и го нарушуваат споменот на Саша, кој во текот на животот бил посветен на семејството, пријателите и на својата работа.

Ги повикуваме сите да се воздржат од објавување непроверени и сензационалистички информации.

Саша заслужува достоинствено збогување, а нашето семејство заслужува мир во овој болен момент.

Би сакале да им се заблагодариме на сите што изразија сочувство и споделија утешни зборови со нас.

Со почит, семејството Поповиќ“.

 

Слични објави

(Фото) Вака изгледа една од најубавите бугарски пејачки без шминка: Што се случува со носот на Преслава?

Е.А.

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin
Се вчитува....