Поранешната сопруга на репрезентативецот на Швајцарија, Блерим Џемаили, кој потекнува од Тетово, повторно го привлече вниманието на „жолтиот печат“.
Станува збор за Ерјона Сулејмани. На почетокот таа беше позната како сопруга на главниот фудбалер на националниот тим на Швајцарија.
Нејзината слава стана поголема кога таа изјави дека фудбалерите не се добри во кревет.
По таа изјава таа се разведе од Блерим Џемаили и продолжува да живее сама и е многу активна на социјалните мрежи со објавување на слики и разни видео снимки.
Последните денови, моделот се одмара на фантастичните шпански плажи на Ибица од каде објавува и слики на нејзиниот личен профил на Инстаграм, јавува „ТЧ“.
Инаку нејзиниот поранешен сопруг Блерим Џемаили е фудбалер со светска слава, а кој е роден во тетовското село Боговиње.
Ерјона и Блерим се разведоа пред неполни две години. Парот Џемаили и Сулејмани имаат и едно дете.