06:22 - 12 март, 2026

Саша Матиќ откри: Поповиќ сакал да ми земе 50.000 марки, но го спречил Боба Живојиновиќ

Фолк пејачот Саша Матиќ, по смртта на Саша Поповиќ, сподели анегдота од почетоците на својата кариера. Според него, Поповиќ еднаш му признал дека планирал да му наплати 50.000 германски марки кога го издавал својот прв албум, користејќи го тоа што бил нов на естрадата.

Меѓутоа, во последен момент, во приказната се вмешал тенисерот Боба Живојиновиќ, кој тогаш бил во брак со Лепа Брена. Тој им рекол на Поповиќ и Брена дека никој не смее да бара пари од Матиќ и дека тој мора да влезе во продукцијата „Гранд“ како голема ѕвезда, со целосна поддршка.

Матиќ со доза на хумор раскажал дека Поповиќ тогаш се пошегувал дека „му потонале сите бродови“ затоа што останал без очекуваните 50.000 марки.

Саша Поповиќ, инаку значајна фигура на српската музичка сцена и еден од основачите на продукцијата „Гранд“, почина на 1 март по тешко боледување. Погребан е на 6 март во Белград.

Слични објави

ВИДЕО | Јадев по 100 ќебапи на оброк и неколку кременадли: Пејачот Бојан Стојков ослабе 20 килограми

apostolova

Негативните мисли буквално го уништуваат нашиот мозок: Познат психијатар објаснува како да го прекинете тој круг

Еспресо

Кој беше помладиот брат на Дарко Лазиќ кој загина на мотоцикл? Јавноста немаше можност да ја чуе неговата авторска музика

Еспресо

Внуката на Милена Дравиќ проговори за Гага Николиќ на 10-годишнината од неговата смрт: „Нема таква љубов…“

Е.А.

Кија Коцкар ќе се мажи во Лас Вегас!: „На мојата венчавка ќе има само луѓе што ми се допаѓаат“

apostolova

(Фото) Здравко Чолиќ ја бакнува убавата хрватска мис, сопруга на Тарик Филиповиќ

Еспресо
Се вчитува....