7.8 C
Скопје
23:05 - 31 март, 2026

Сакате тазе даталчиња од серијата „Сексот и градот“? Гледачите ќе се потресат уште од старт и…

Тие не можат, а да не бидат забележани. Кери и г -дин Ѕверка, играни од Сара Џесика Паркер и Крис Нот, се чини дека не загубија ни минимум од својата заедничка хемија, на која бевме навикнати уште од првите сезони на серијата „Сексот и градот“. Нивната приказна, всушност, е онаа што предизвикува најголема љубопитност кај фановите, особено по многу посакуваниот пресврт.

Според тоа што „протече“ од некои извори блиски до екипата на емисијата треба да се појави криза меѓу двата лика, што ќе доведе до крајот на нивната врска. Но, според снимката што Крис Нот ја сподели на својот профил на Инстаграм, двојката се уште изгледа многу блиска. Денес исто како и некогаш.

Носталгичарите за „Сексот и градот“ ќе се израдуваат повеќе од било-кога, кога ќе ги видат најновите фотографии што ги сподели Крис Нот. Како што неодамна изјави извор близок до HBO Max, целта на новата серија, која ќе се состои од 10 епизоди, е да ја потресе публиката од почеток за да сфати дека оваа сезона е различна од претходното, каде што се може да се случи и секој може да си замине … исто како и во реалниот живот.

Авторите потврдија дека „And Just Like That…“ ќе започне со погреб, со кој вечните девојки на Големото јаболко ќе се збогуваат засекогаш со еден од историските ликови. Дали е ова последното збогум на Саманта Џонс со која „ВорнерМедија“ одлучи да ја прекине соработката? Или трагичното – и ненадејно – исчезнување на самиот Крис Нот? Накратко, ако не се случи брачна криза, дали ќе се случи смрт за ликовите да се разделат?

И не заборавајте, Кери, Миранда и Шарлот веќе не се во триесеттите години и серијата е прилагодена на нивната „еволуција“ односно на нивната сегашна возраст. Па ако сте и вие во тие години, сигурно ќе ви се допадне.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Chris Noth (@chrisnothofficial)

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....