9.8 C
Скопје
10:16 - 17 март, 2026

Роуан Аткинсон за улогата на „Гoсподин Бин“: Не уживам многу кога го играм

Instagram

Актерот Роуан Аткинсон призна дека не уживал во улогата на „Господин Бин“ и како што вели тој линк го исцрпил.

65-годишниот актер познат по култната улога на „Господин Бин“ прват се појави во 1990 година и оттогаш стана глобален феномен.

Ликот на „Господин Бин“ сè уште е популарен и 30 години подоцна, собирајќи повеќе следбеници на социјалните мрежи од многу познати личности.

Успехот на „Господин Бин“ никогаш не ме изненади. Гледањето на возрасен човек кој се однесува на детски начин, без да биде свесен за таа несооднетност е во основа смешно“, изјави актерот за „Радио Тајмс“.

Фактот дека комедијата е визуелна, а не вербална, допринесе серијата да биде успешна и на меѓународен план. Среќен сум што луѓето сакаат да се поврзат со „Господин Бин“, но не сакам да сум присутен на социјалните мрежи. Она што се случува тука е споредна претстава во мојот свет“, објасни Роуан.

Instagram
Instagram

На прашањето за можноста за снимање нови епизоди, Роуан рече дека се сомнева дека би се случило такво нешто.

Откако направивме анимирана ТВ серија, сега размислуваме за анимиран филм. Полесно ми е да го изведувам ликот вокално отколку визуелно. Не уживам многу кога го играм. Тежината на одговорноста не е пријатна. Сметам дека е стресно и исцрпувачко“, рече актерот.

Instagram
Instagram

Тој посочи дека постои можност за повторно снимање на хумористичната серија на „Би-Би-Си“ „Blackadder“ чија премиера беше во 1983 година со четири сезони.

Не би сакал да претпоставувам кога тоа би можело да се случи. Но, таа серија ја претставуваше креативната енергија што сите ја имавме во 80-тите години. Обидот да се направи повторно по 30 години подоцна не би било лесно“, заклучи тој.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Коки Јанков како градежник: Од темели до кров

msp-admin

Тие му се единствената утеха по смртта на брат му: Дарко Лазиќ со нова емотивна објава

msp-admin

(Фото) Ивона Јо во проѕирен фустан, посекси не изгледала досега

msp-admin

„Добила до 1.000 евра за услуга“: Аца Лукас ги разобличи старлетите кои тврдат дека биле со него

E.A.

Јелена Томашевиќ првпат раскажа за моментот кога се сруши на концертот во Црна Гора: „Докторки од публиката ми помогнаа на сцената“

К. А.

„Ведра, весела и преталентирана“: Цеца со емоции се присети на Ксенија Пајчин

Еспресо
Се вчитува....