00:32 - 6 април, 2026

РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА: Ким Кардашијан повторно забележана со Пит Дејвидсон

ким пит

Иако, многу од обожавателите на еден од најпознатите парови во последнава деценија, Ким Кардашијан и Канје Вест се надеваа на повторно разгорување на љубовта меѓу двајцата по промоциите на албумот „DONDA“, ќе мора да се соочат со суровата вистина дека веројатно Ким наскоро ќе има ново момче.

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон вечераа во вторникот вечерта во „Кампанија“, пренесува „Page Six“.

„Пит организираше приватна вечера на покривот“, рече извор од ресторанот за странскиот медиум. „Беа само тие двајца“.

Изворот исто така додаде дека тие немале никакво обезбедување со нив. „Можеа тивко да влезат и да излезат“, додаде инсајдерот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Излегувањето на вечера се случува речиси една недела откако дуото беше фотографирано како се држат за раце во луна парк по повод Ноќта на вештерките во Буена Парк, Калифорнија, минатиот петок.

(ФОТО+ВИДЕО) КИМ КАРДАШИЈАН СЕ ДРЖИ ЗА РАКА: Дали е ова новото момче?

Додека, извор претходно изјави за списанието „People“ дека Дејвидсон (27) и Кардашијан (41) се „само пријатели кои се дружат“, инсајдер за „Page Six“ рекол дека Ким е „заинтригирана“ од Дејвидсон.

„Ѝ се допаѓа“, рече изворот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pete Davidson (@petedaveidson)

Ким и Пит претходно имаа поминато време заедно, на роденденската вечера за Кид Куди во 2019 година, на која присуствуваше и отуѓениот сопруг на Кардашијан, Канје Вест (кој сега се вика „Је“).

Слични објави

Се омажи вдовицата на Хју Хефнер: „Никогаш не го сакав вистински во романтична смисла“

Т.Ц.

Поранешната хрватска мисица приведена на снимањето на спотот на Алка Вуица – полицијата реагирала поради сомнително оружје

Т.Ц.

Македонскиот музичар Мустафа Сејфулов почина на 48 години

Еспресо

Неделен хороскоп: Што ви предвидуваат ѕвездите за наредните 7 дена

Т.Ц.

Прв поглед на темната страна на Месечината, спектакуларни фотографии од Артемис 2

Т.Ц.

По Тоскана, „Господинот Совршен“ откри дали со Маја Шупут ќе го помине Велигден

Еспресо
Се вчитува....