11.8 C
Скопје
15:33 - 30 март, 2026

Ријана повторно е бремена: Пејачката го покажа трудничкиот стомак на Мет гала!

Американската музичка ѕвезда Ријана откри дека го очекува своето трето дете со својот партнер, раперот Ејсап Роки. Таа го покажа своето трудничко стомаче на Мет Гала во Њујорк.

Обожавателите на Ријана веќе неколку месеци шпекулираа дека е бремена, со оглед на тоа што се појавуваше во јавноста во широка облека, а сега ја потврди среќната вест дека ново бебе е на пат.

Таа долго време е посветена на своето семејство и на своите модни и козметички брендови. Иако најави дека конечно наскоро ќе издаде албум, се чини дека фановите сепак ќе мора да почекаат.


Таа и Роки го добија својот прв син РЗА Ателстон Маерс (RZA Athelston Mayers), во 2022 година, а во 2024 година го роди Рајот Роуз.

Раперот беше еден од водителите на Мет Гала оваа година, заедно со Ана Винтур, Луис Хамилтон, Колман Доминго, Фарел Вилијамс и Леброн Џејмс како почесен член.

Овој престижен моден настан се одржа во Метрополитен музејот на уметност и ги собра најпознатите имиња на денешницата, меѓу кои Дуа Липа, Сидни Свини, Памела Андерсон, Сабрина Карпентер и други.

Слични објави

Ова е вонбрачниот син на Маринко Роквиќ кој живее далеку од Србија: Го откри вистинското лице вдовицата Славица

E.A.

(ВИДЕО) „Дали е дрогиран, целиот се искриви?“: Жељко Шашиќ направи хаос на аеродром па ги „нападна“ новинарите

E.A.

(Фото) Уна Чолиќ ужива на зимување со десет години постариот партнер

Еспресо

(Видео) Северина и Нина Бадриќ заедно ја испејаа најтажната песна на роденден

msp-admin

(Видео) Елена Велевска: Го спасив семејството од сиромаштија

msp-admin

(Фото) Растеше скромно, со една плата: Ова се родителите на Здравко Чолиќ

Еспресо
Се вчитува....