15:13 - 1 април, 2026

Режисерот Паоло Џеновезе направи филм за Гинис – сте го гледале ли „Совршени странци“?

Италијанскиот филм „Совршени странци“ (Perfetti Sconosciuti) на режисерот Паоло Џеновезе, е филм кој влезе во Гинисовата книга на рекорди ,со најмногу преработки.

Ова филмско остварување само за седум години доживеа верзии на 24 јазици меѓу кои на кинески, руски, корејски, грчки, шпански, турски, француски, германски, ерменски, унгарски јазик итн.

Во оваа комедија, група пријатели се собираат на домашна забава и за да докажат дека немаат што да кријат еден од друг, се впуштаат во мала игра – секој од нив ги изложува сите свои текстуални и гласовни пораки од телефонот. Тоа, секако, води до неочекувани неволји.

Инаку, правата за снимање на американската преработка беа купени од компанијата на Харви Вајнштајн, кој набргу потоа беше суден за серија сексуални престапи. Така, оваа приказна сѐ уште не е снимена на англиски јазик.

Најновата верзија на овој популарен филм е на исландски, а првпат беше прикажана на 6 јануари.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....