5.8 C
Скопје
05:35 - 1 април, 2026

Ревија зад затворена врата: Армани се исплаши од коронавирусот

Италијанскиот моден креатор Џорџо Армани одлучи, во рамките на Модната недела во Милано, во недела да ја одржи ревијата зад затворени врати поради ширењето на коронавирусот во Италија.

„Џорџо Армани сака да ве информира дека неговата женска колекција за есен/зима 2020/2021 ќе биде претставена зад затворени врати поради развојот на епидемијата на коронавирусот во Италија. Ревијата што ќе се одржи во празна сала, ќе биде во живо емитувана на официјалната веб-страница Armani.com, Инстаграм и на Фејсбук. Одлуката е донесена поради доброто на сите гости, за да се избегне престојот во пренатрупаниот простор“, стои во официјалната изјава на модната куќа „Армани“.

Националната Комора на италијанската модна индустрија, која ја организира ревијата, соопшти дека Армани е првиот што ја донел таквата одлука.

Во Италија најголем број случаи заразени со коронавирусот се забележани во Ломбардија, чиј административен центар е Милано.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....