7.8 C
Скопје
09:21 - 11 март, 2026

„Присилно ја омажија за друг“: Ѓоле Ѓогани ја сретнал забранетата љубов по 40 години

Песната „Забрањена љубав“ на српската музичка група „Ѓогани“ е, всушност, напишана по вистинска приказна – и тоа на основачот на групата, Ѓорѓе Ѓоле Ѓогани.

По повеќе од 40 години, тој се сретнал со неговата забранета љубов од младоста, жената чии родители ѝ забраниле да се омажи за него и ја омажиле за друг.

„Донекаде тоа е автобиографска приказна. Имав забранета љубов од детството, кога нејзините родители не ни дозволуваа да ја имаме нашата љубов. Толку беа против нас, што на крајот ја омажија против нејзина волја, таа замина за друг.

Ја сретнав на 8 Март, по 40 години. Не ја препознав, ме праша дали може да се фотографира со мене. Нејзините очи ми беа познати, но имаше илјадници луѓе. Некако чудно и срамежливо застана, како да сакаше да ми каже нешто, а јас брзав и сакав да продолжам понатаму.

Таа објави заедничка фотографија на Фејсбук и напиша ‘Ти благодарам, ми беше желба повторно да те видам;. Весна на сето тоа реагираше сочувствително, како и јас. Така настана песната“, изјави музичарот и танчарот за српскиот медиум „Блиц“ и додаде:

„Спотот го снимавме во Сараево и мал сегмент во Белград. Сè се снимаше околу шест дена и е филмска приказна. Весна прекрасно и емотивно ја отпеа оваа песна, нејзиниот сензибилитет и солзите во спотот се реални. Нема лажење и изневерување, плачеше на снимањето и не можевме да ја смириме“.

Како потсетување, Ѓоле Ѓогани ја формираше групата „Ѓогани фантастико“ во деведесеттите години, заедно со неговата поранешна сопруга Слаѓана Делибашиќ. Со неа беше во брак од 1986 до 2001 година, а заедно ги имаат ќерки – Силвија и Маринела.

Од 2001 година, па сѐ до денес, е во брак со Весна Ѓогани, со која има две деца – синот Адријан и ќерката Лаура. Ѓоле и Весна Ѓогани се актуелни членови на дуото „Ѓогани“.

Фото: Инстаграм/Весна Ѓогани

Слични објави

„Дрон падна на 600 метри од зградата, сега почнувам од нула“: Ќерката на Ѓоле Ѓогани за ужасот во Дубаи

Еспресо

Хороскоп за 11 март: Девиците да избегнуваат ризични деловни одлуки, Скорпиите ќе започнат нова врска

Еспресо

За што навистина фантазира вашиот партнер? Откријте што го возбудува и внесете нова искра во врската

Еспресо

Јована Јеремиќ ослабе 6 килограми, па ја откри тајната: „Едно нешто е забрането“

Еспресо

(Фото) Разгледница од семејството Ражнатовиќ од Русија: Вељко позираше со Богданa и нивните три синови

Еспресо

10 митови за алергиите на полен: Помага ли медот, престојот на море, заклучувањето дома…?

Еспресо
Се вчитува....