06:55 - 3 април, 2026

Принцот Хари и Меган Маркл ги отследија сите од Инстаграм

Принцот Хари и Меган Мркл ги отследија сите луѓе од официјалниот профил на војводата и војвотката од Сасекс на Инстаграм.

На 1 август, фановите на кралското семејство можеби се изненадија кога на нивниот заеднички профил на Инстаграм можеше да се забележи дека не следат ниту едно лице.  Но, тука не постои драма. Тоа е дел од добротворната мисија на кралскиот пар.

„Секој месец, ги менуваме профилите што ги следиме за да потенцираме разни причини, луѓе или организации што прават неверојатни работи за своите заедници и целиот свет“, објаснуваат војводата и војвотката во објавата на Инстаграм.

За август, тие бараат од луѓето да слават инспиративни луѓе во нивните заедници. Ова се поврзува со септемвриското издание на британскиот „Вог“, чиј гостин уредник беше Меган, а кое се фокусира на 15 сили за промени низ целиот свет.

„Некој на кој му се восхитувате, организација која прави неверојатна работа што треба да ја следиме сите, некој што ве инспирира да бидете и да направите подобро (или едноставно прави да се чувствувате добро)“, напишаа Хари и Меган.

Слични објави

(Фото) „Твојот брат се моли да најдеш мир“: Дарко Лазиќ се огласи со емотивна објава за покојниот Драган од Хиландар

Еспресо

(Видео) Се појави снимка од Јаков Јозиновиќ на журка во Белград: Познатиот Србин го снимил како се забавува, погледнете со кого бил

Еспресо

„Ја слушаме неговата песна секој ден и палиме свеќа“: Десингерица искрено проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Теа Таировиќ искрено: „Најголемата заблуда е дека сум арогантна“

К.С.

Познатата српска пејачка го фатила сопругот во кревет со друга – „Тоа никогаш нема да го заборавам“

E.A.

Снежана Ѓуришиќ не крие колку е повредена – „Ме разочара продукцијата, ова е срамно“

E.A.
Се вчитува....