7.8 C
Скопје
04:11 - 2 април, 2026

ПРЕМИЕРА НА ПРЕТСТАВАТА „ВИСТИНСКИОТ ЗАПАД“: Најпоставуваниот драмски текст на Сем Шепард во режија на Борис Василески

Официјално, за прв пат во нашата земја, најпоставуваниот драмски текст на наградуваниот американски автор Сем Шепард – „Вистинскиот запад“, ќе биде одигран на 26-ти (недела) и 27-ми (понеделник) септември од 20 часот, во Младинскиот културен центар.

Сте се фатиле ли себеси во момент кога правите нешто што е наметнато од општествените трендови и се пресметувате каква слика оставате во очите на другите? „Вистинскиот запад“ ја дава сликата на двете крајности, кога сакаме да бидеме дел од општеството и истовремено сакаме да се изолираме од лошо организираниот свет. Потребата да си најдеме свое место под сонцето не згаснува, а притисокот од „што сум направил до сега?“ не исчезнува.

Играат: Томислав Давидовски, Марјан Наумов, Мартин Манев и Тања Кочовска.

Фото: Промо

Текст: Сем Шепард

Режија: Борис Василески

Сценографија и дизајн на светло: Мартин Манев

Костимографија: Симона Даноска

Извршен продуцент: Ава Хусеини

Превод од англиски јазик: Марио Стојаноски

Музика: Ивица Димитријевиќ и Јане Трајковски

Дизајн на постер: Ана Јачева

Билетите по цена од 350 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk. Изведбите на претставата се организираат согласно актуелните протоколи за организација на настани.

Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Слични објави

(Фото) Дарко Лазиќ е на Хиландар со сопругот на поранешната сопруга: Пејачот тагува за својот брат, а спасот го најде тука

Еспресо

(Фото) Од Тоскана право во Задар! Шиме ја пречека својата Маја Шупут како вистински џентлмен

Еспресо

Мили призна дека имал пороци во младоста: „Пушев марихуана, но музиката ми е најсилна дрога“

Еспресо

Емотивна објава на синот на Халид Бешлиќ по победата на босанската репрезентација: „По смртта на тато, ова ми е прва радост, тој ќе беше горд на вас“

Еспресо

Полната Месечина на 2 април носи пресврт – што го очекува вашиот хороскопски знак?

Т.Ц.

Кои емотикони никако не треба да се користат при допишување?

Т.Ц.
Се вчитува....