6.9 C
Скопје
04:27 - 1 април, 2026

Познатиот актер се зарази од опасна бактерија и заврши во болница!

Снимајќи го неговиот нов серијал каде што тој преживува, замалку ќе завршеше фатално за актерот.

Зек Ефрон бил префрлен од Папуа Нова Гвинеја, каде го снимал авантуристичкиот серијал „Killing Zac Efron“, во приватна болница во Австралија, бидејќи се заразил со тифус или слична инфекција, објавил австралискиот весник Sunday Telegraph. Сето тоа се случило неколку дена пред Божиќ, кога некои таблоиди потврдиле дека Ефрон се заразил со бактерија која може да биде смртоносна. После престојот во болница, на актерот му било допуштено за Бадник да одлета дома во Америка.

Доктор Глен Меккеј, кој што се грижел за Ефрон за време на неговиот лет во Австралија, рекол за Sunday Telegraph дека не може да ја коментира здравствената ситуација на актерот, но потврдил дека актерот стигнал во болницата во стабила состојба. Вчера на Инстаграм се огласи и Зек каде напишал дека е вистина дека се разболел во Папуа Нова Гвинеја, но ќе се врати за да го заврши 3-неделното снимање.

„Killing Zac Efron“ е авантуристички серијал кој се снима за стриминг сервисот Quibi и во него за три недели Зек Ефрон се наоѓа во џунгла на оддалечен остров преполн со опасности, само со водич и опремен со основна опрема.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо
Се вчитува....