8.8 C
Скопје
08:53 - 15 октомври, 2026

„Повеќе би избрала врска за една вечер отколку четврти брак“: Наташа Беквалац откри што мисли за љубовта по трите разводи

Српската пејачка Наташа Беквалац не крие дека е среќна и кога е сама, а по трите брака јасно порачува дека повеќе не размислува за ново одење пред матичар.

Во неодамнешно интервју таа откри дека веќе седум и пол години нема партнер, а сега искрено проговори и за својот став кон љубовта и мажите.

Во игра со брзи прашања и кратки одговори, Беквалац без двоумење избра љубов пред пари.

На прашањето дали би била „полна и среќна“ или „слаба и несреќна“, таа одговори: „Полна и среќна.“

Кога станува збор за изгледот, пејачката се определи за природната убавина наместо естетските корекции, а кога требаше да избере меѓу крупни и ситни мажи, нејзиниот избор беа крупните.

Најголемо внимание привлече нејзиниот одговор на прашањето што би избрала – четврти брак или врска за една вечер.

„Врска за една вечер“, одговори Наташа.

Таа призна и дека повеќе ја привлекуваат помлади мажи.

„Помлади. Секогаш кога ќе ми се допадне некој или кога некој ќе ми го привлече вниманието, помлад е од мене“, изјави пејачката.

Беквалац неодамна гостуваше и во емисија кај Роберт Чобан, каде отворено зборуваше за своите три брака и за односите што ги има со поранешните партнери.

Таа откри дека нејзината ќерка Хана и денес има близок однос со нејзиниот поранешен сопруг Љубомир Јовановиќ.

„Ќерка ми го обожаваше Љуба и до ден-денес тие имаат свој однос со кој јас немам никаква врска“, рече Наташа.

На забелешката дека тој веројатно бил важна машка фигура во животот на нејзината ќерка, пејачката низ насмевка додаде: „Како некој вид машка фигура. Јас навистина имам некои чудни животни приказни.“

Во разговорот откри и дека посакувала дете со Јовановиќ.

„Да, сакав, но едноставно не се случи. Животот ни даде некој друг пат и тоа е тоа“, заклучи Беквалац.

Слични објави

Дневен хороскоп за 15 октомври: Не губете премногу време на усовршување на деталите

apostolova

Јована Јеремиќ не му остана должна на Каспер:“„Тој не е вистински маж, многумина ме тужеле, но никој не ме добил“

Еспресо

Карлеуша за крајот на пријателството со Бирташевиќ: „Повредена сум, но сите се заменливи“

Еспресо

Еве со што се занимаваат свекрвата и свекорот на Анастасија Ражнатовиќ: Имаат приватен бизнис во Требиње

Еспресо

Осум години од заминувањето на актерската дива Милена Дравиќ: Животната приказна на иконата која делеше сè со легендарниот Драган Николиќ

Е.А.

(Фото) Најзгодниот турски актер драстично го промени имиџот: Ги „распамети“ обожавателките

Еспресо
Се вчитува....