8.8 C
Скопје
14:28 - 5 март, 2026

Полугол перформанс, када и маса полна со афродизијаци: Ќерката на Здравко Чолиќ целосно се опушти во ноќно излегување во Белград

Уна Чолиќ, постарата ќерка на легендарниот пејач, на социјалните мрежи сподели моменти од ноќно излегување во центарот на Белград.

Како што може да се види од објавите, таа вечерта ја поминала во популарен клуб, каде што уживала во сценски перформанс во кој учествувале и полуголи танчари.

Освен атмосферата од локалот, Уна покажа и маса преполна со деликатеси. Меѓу нив имало и школки, познати како природен афродизијак, како и пијалаци со кои наздравувала заедно со пријателите.

Фото: Инстаграм/Уна Чолиќ

Снимките и фотографиите откриваат опуштена и разиграна атмосфера, далеку од секојдневната приватност што вообичаено ја негува.

Инаку, според пишувањата на медиумите, ќерката на Чолиќ наводно е подготвена за следниот голем чекор во љубовта. Таа веќе подолго време е во врска со партнер кој е десет години постар од неа, а се споменува и можна свршувачка во блиска иднина.

„Уна и нејзиниот партнер веќе неколку години уживаат во стабилна врска. Здравко Чолиќ го прифатил избраникот на ќерка си и му дал благослов, а семејството одлично се сложува“, вели извор близок до двојката.

Уна, нејзиниот партнер и помладата ќерка на пејачот, Лара, неодамна заедно отпатувале на концерт на Чолиќ во Австрија, што дополнително ги засили шпекулациите дека односите во семејството се повеќе од хармонични.

Во една од своите изјави, Здравко Чолиќ се осврна и на темата за бракот на своите ќерки.

„Јас би сакал, колку што можам, тоа малку да го одложам, без разлика на годините. Постарата ќерка е веќе стабилна, а помладата е уште млада. Сè е во Божји раце. Секогаш велам дека е убаво децата да прошетаат низ светот и да работат на себе, но судбината секогаш си го наоѓа патот“, изјави Чолиќ.

Слични објави

(Видео) Нешколуван сум, дипломата е за мене само хартија: Се отвори дизајнерот Златко Јовановски

Еспресо

(Фото) Еве кој им ги чува децата на Луна Ѓогани и Марко Миљковиќ додека се заглавени на Малдиви

Еспресо

(Фото) Анета Љумаковска објави нови детали од љубовта со Рубин

Еспресо

Емотивно раскажа за покојниот свекор: Ова е снаата на Саша Поповиќ која стана мајка

Еспресо

(Фото) Ивона Јо со емотивна порака за сопругот: „Ми покажа како изгледам низ неговите очи“

Еспресо

(Фото) Сè уште изгледа одлично! Синот на Лепа Брена објави фотографија од пејачката без шминка

Еспресо
Се вчитува....