5.8 C
Скопје
07:12 - 1 април, 2026

„Полудена по тебе“: Уште една нова песна на младата Лара (ВИДЕО)

Младата пејачка Лара Иванова ја извади новата песна насловена како „Полудена по тебе“.

Ова е нејзина трета композиција, по претходната тема „За нас“ со која се претстави на последното издание на „Макфест“ со која го привлече вниманието на јавноста.

За новата песна „Полудена по тебе“, Лара ќе рече:

„Оваа песна е уште едно остварување на моите соништа и морам да признаам дека сум многу возбудена, впрочем секое ново музичко парче кое ќе излезе од студио прави да се чувствувам така. Се надевам ќе уживате во неа, исто колку што уживам и јас“.

„Полудена по тебе“ има и англиска верзија на песната насловена како “Crazy about you”.

За музиката на „Полудена по тебе“ се потпишува продуцентот Иле Спасев, а за текстот се погрижи Робин Зимбаков, додека свој печат со сценариото за видео записот остави режисерот Горан Симјаноски.

Локациите на спотот беа снимени околу објектот на ГТЦ и населба Аеродром.

Имено, младата пејачка постојано е во студиото на продуцентот Иле Спасев, со кого веќе работат на нова песна која би требало да биде готова до Нова година.

Слични објави

Ела Дворник изненади со ставот за верата – „Не верувам во Бог…“

apostolova

Нина Бадриќ се присети на најнеобичниот додворувач: Ми подари омекнувач за алишта за да ме „омекне“

Еспресо

Милица Павловиќ искрена за Карлеуша: Не верувам дека би ѝ се јавила

Еспресо

Априлилили – како настанал Денот на шегата и пет големи медиумски измами од изминатите децении

Еспресо

Сека Алексиќ проговори за борбата за потомство: Поминавме низ многу тежок период

Еспресо

(Фото) Погледнете во домот на Дарко Лазиќ во Брестач: По смртта на брат му Драган, тој во друштво на неговите деца

Еспресо
Се вчитува....