15.8 C
Скопје
12:08 - 20 април, 2024

ФОТО+ВИДЕО: Тајната на костимот на Џеки Кенеди: Го носела дури 24 часа по атентатот на претседателот, а еве зошто е „под клуч“ до 2103-та година

Сопругата на убиениот американски претседател Џон Кенеди, Џеки Кенеди, секогаш важела за икона на стилот. Па, така и тоа што го носела на кобниот 22-ри ноември 1963-та година влегло во историјата.

Таа го носела легендарниот розов костим додека со својот сопруг се возела во Далас во претседателската лимузина кога врз него бил извршен атентат.

Фото: Профимедиа

И по тој страшен настан, Џеки го носела истот костим во наредните 24 часа.

„Нека видат што направија“, изјавила таа додека на костимот и понатаму можеле да се забележат дамките од крв.

Фото: Профимедиа

Таа го носеше и за време на давањето заклетва на новиот претседател Линдон Г. Џонсон. Костимот не бил испран, па крвта јасно можела да се види на десниот ракав.

Како што поминувало времето, во модните води била покрената голема расправа за нејзиниот култен костим. На крајот експертите биле согласни дека истиот е сошиен во Њујорк, но ткаенината, копчињата и кројот се од познатата француска модна компанија „Шанел“.

Се претпоставува дека костимот чини околу 1.000 долари (што денеска истиот би имал вредност од 7.500 долари). Ова најтажно розево парче облека Џеки го носела 6 пати, меѓу другото и на патувањето во Лондон една година пред немилиот настан.

Фото: Профимедиа

Костимот денеска се чува во Американската национална архива во државата Мериленд каде што го однела ќерката Керолин.

Тој и понатаму е „извалкан“ од дамките крв, но не е достапен на увид за пошироката јавност, а за тоа се наведува дека такви биле барањата.

Фото: Профимедиа

Сепак, се чува во строга тајност како спомен и сеќавање на семејството Кенеди:

„Кога би бил изложен би поттикнал хистерија“, изјавил кураторот Филис Магидсон. Костимот ќе може да биде достапен за јавноста дури во 2103 година кога семејството ќе одлучи дали некој смее да му пристапи.

The post ФОТО+ВИДЕО: Тајната на костимот на Џеки Кенеди: Го носела дури 24 часа по атентатот на претседателот, а еве зошто е „под клуч“ до 2103-та година appeared first on Слободен печат.


ФОТО+ВИДЕО: Тајната на костимот на Џеки Кенеди: Го носела дури 24 часа по атентатот на претседателот, а еве зошто е „под клуч“ до 2103-та година was first posted on октомври 20, 2020 at 7:30 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....