9.8 C
Скопје
03:58 - 31 март, 2025

ПОЧИНА РОСАНО РУБИКОНДИ: Четвртиот маж на Ивана Трамп ја загуби едногодишната борба со меланома

На своја 49-годишна возраст почина италијанскиот актер Росано Рубиконди по едногодишна борба со меланома.

Веста за неговото заминување ја соопшти тв-презентерката Симона Вентура, објавувајќи фотографија со актерот и емотивна порака.

„Росано, ти благодарам за патешествието кое го поминавме заедно, за караниците, нервирањата, но и за појаснувањата и смеењата, толку многу, што ги имаме направено заедно. Имај добро патување, почивај во мир“, објави Вентура на своите профили на Твитер и Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Simona Ventura (@simonaventura)

Рубиконди стапи во брак со Ивана Трамп во април 2008 година откако беа во врска 6 години. Церемонијата која чинеше 3 милиони долари ја одржа поранешниот сопруг на Ивана, Доналд Трамп, а нејзината ќерка Иванка Трамп беше деверуша. Росано и Ивана се разделија со пријателски чувства по само една година брак.

„Росано поминува многу време во Италија, а јас поминувам многу време во Њујорк, Мајами и Сен Тропе, и тој мора да работи. Врската на далечина навистина не функционира. Си поминавме убаво време и сме пријатели. Разделбата беше пријателска“, изјави Ивана своевремено за нивната разделба во 2009 година.

И покрај нивниот развод, Ивана и Росано ја продолжија врската неформално и неконтинуирано, и дури и настапија заедно на италијанската верзија на „Танц со Ѕвездите“ во 2018 година. Во 2019 година Ивана официјално објави дека ставиле конечен крај на нивната врска.

Рубиконди е роден на во 1972 година во Рим, Италија, и важеше за познат италијански модел и актер кој се појави во филмот „The Golden Bowl“ покрај Ума Турман и Кејт Бекинсејл. Во Италија имаше настапи на повеќе реалити шоуа, меѓу кое и „L’Isola Dei Famosi“ („Остров на славните“) покрај Силвија Вентура.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara Rolla (@clara.rolla)

Тој беше четвртиот маж на Ивана Трамп, по Алфред Винклмејр, поранешниот престседател на САД Доналд Трамп и Рикардо Мацукели.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by jacquie O (@jacquieo1)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Maria Teresa Ruta (@mariateresaruta)

Слични објави

(Видео) Фрлиле солзавец на настапот на Теодора Џехверовиќ, пејачката проговори: Се исплашив

Еспресо

Почина Маринко Колнаго, основачот на „Нови фосили“

Еспресо

(Фото) Цеца на концертот пристигна со бесен автомобил, платила 120.000 евра за луксузното возило: Сите очи свперени во новиот имиџ на пејачката

Еспресо

(Фото) Душко Тошиќ отпатува со ќерките надвор од Србија: Ги однесе на омиленото место на Карлеуша

Еспресо

Маж од публиката го прекина концертот на Цеца Ражнатовиќ синоќа: Таа почна да го повикува обезбедувањето

Еспресо

Хороскоп за 30 март: Стрелците да бидат отворени во љубовта, Девиците да бидат искрени кон партнерот, а вие?

Еспресо
Се вчитува....