18:00 - 11 април, 2026

ПОЧИНА ПОЗНАТИОТ ХОЛИВУДСКИ АКТЕР РИО ХАКФОРД: Хелен Мирен му беше маќеа, а го прослави филмот „Pretty Woman“

Актерот и сопственик на неколку клубови, Рио Хакфорд, почина на 53-годишна возраст. Причината за неговата смрт сè уште не е откриена, но неговиот брат Алекс Хакфорд им откри на странските медиуми дека Рио починал на плажата Ханингтон откако некое време бил болен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Hackford (@riohackford)


Рио е најстариот син на режисерот Тејлор Хакфорд, кој го доби со првата сопруга Џорџи Лоренс, а е посинок на познатата британска актерка Хелен Мирен. Тој глумеше во бројни филмови и серии, а поседува и голем број ноќни клубови и кафулиња низ САД.

Актерската кариера ја започна со мала улога во класиката „Убава жена“ во 1990 година, а веднаш потоа се појави во неколку серии.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Hackford (@riohackford)


Последниве години немаше некоја голема улога, но неодамна сакаше да се врати на голема врата пред камерите. Се појави како менаџер во серијата „Pam & Tommy“ и ова воедно му е последна улога. Глумеше и во „The Mandalorian“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Rio Hackford (@riohackford)


На социјалните мрежи од него се простуваат бројни колеги и пријатели. „Ел Рио“, напиша Хелен Мирен во описот на својата фотографија, а многу познати личности му оддадоа почит, а сите изразија голема тага поради неговата смрт.

 

 

Слични објави

Бугарскиот пејач Константин има личен мини бар, кој буквално го следи насекаде

Т.Ц.

„Кај нас трпезата е вистинска магија, а голем борец сум кога се кршиме со јајца“: Теа Таировиќ откри како го слави Велигден

Т.Ц.

Мајката на Наташа Беквалац проговори за пропаднатите бракови на ќерка ѝ: „Ќе се откажам од неа ако повторно се омажи“

Еспресо

(Фото) Велики петок во домот на Здравко Чолиќ: Уна покажа како се подготвуваат за Велигден

Еспресо

(Фото) Милан Станковиќ го прекина молкот на Велики петок – неговата објава трогна многумина

Еспресо

(Видео) Сѐ како од бајка! Драгана Мирковиќ воодушеви со велигденската декорација во својот дворец

Еспресо
Се вчитува....