03:18 - 5 септември, 2026

Почина братот на Елвир Мекиќ, Јоце Панов му посвети срцепарателна објава

На 46-годишна возраст ненадејно почина Елвис Мекиќ, брат на македонскиот пејач Елвир Мекиќ. Информацијата за неговата смрт за „Слободен печат“ ја потврдија блиски соработници на пејачот.

Од Елвис преку емотивна објава на социјалните мрежи се прости и пејачот Јоце Панов, кој сподели дека со него го врзувало долгогодишно пријателство и дека во еден период речиси секојдневно се дружеле.

Панов објави и повеќе нивни заеднички фотографии, присетувајќи се на моментите што ги поминале заедно. Тој порача дека Елвис ќе го памети по неговата насмевка, но и по песните што заедно ги пееле.

„Зошто бе Еки, зошто бе братче, зошто замина толку рано, толку млад и полн со живот, зошто бе брат????? Со кого ќе се смеам и кој ќе ми пее терци сега? Поминавме неколку години секојдневна дружба, навистина овој свет нема правда. Почивај во мир, пријателе мој. Јас ќе те паметам насмеан и ќе ги пеам за тебе песните што најмногу ги сакаше и секогаш ги пеевме заедно. Збогум ЕКИ“, напиша Панов.


Елвис Мекиќ беше брат на пејачот и текстописец Елвир Мекиќ, кој остави препознатлив белег на македонската поп-сцена во текот на 2000-тите години.

Елвир својата музичка кариера ја започна уште во тинејџерските години, а публиката го препознава по песните „Опасно“, „Уште те има“, „Некаде после два“ и „Армија“. Низ годините соработуваше со повеќе музички имиња од Македонија и регионот, а меѓу позначајните е неговата долгогодишна соработка со композиторот и продуцент Јован Јованов.

По подолг период надвор од домашната музичка сцена, Мекиќ повторно ѝ се врати на музиката со нови песни и настапи.

Во јуни годинава, Елвир Мекиќ и Јован Јованов одржаа заеднички концерт пред македонската публика, на кој повторно прозвучеа хитовите што ја одбележаа нивната долгогодишна соработка.

Слични објави

Тони Цетински се појави на суд: Аферата со лажните ковид-потврди наскоро добива епилог!

Еспресо

Сузана Манчиќ за љубовта со Иван Гудељ: „Беше најпосакуваниот ерген во Југославија“

Т.Ц.

Миа Костова повторно реагира за жешките училници: „Да не јадевте гурабии пред две години, ќе ги климатизираа сите“

Еспресо

Ана Николиќ влегува во „Елита 10“: Ги поставила овие услови, а хонорарот е неверојатен

Еспресо

„Секогаш позитивен, енергичен, полн со живот, полн со љубов“ – Во Струмица ќе се подигне спомен-обележје за тапанарот Џоко од ДНК, кој загина во пожарот во Кочани

Еспресо

(Фото) Дарко Лазиќ се испоти во теретана! Фолкерот се соблече, а жените останаа без здив!

Еспресо
Се вчитува....