13:50 - 7 ноември, 2026

По 50 години: Али Мекгроу и Рајан О’Нил евоцираа спомени од снимањето на „Љубовна приказна“

Поминаа педесет години откако светот ја виде премиерата на романтичниот филм „Љубовна приказна“, па по тој повод главните протагонисти Рајан О’Нил и Али Мекгроу, се сретнаа и се потсетија на тоа време.

– Брзо поминаа 50 години. Толку не сум бил во врска со ниту една поранешна сопруга – се пошегува Рајан.

принтскрин/Yputube

Филмот ја раскажува приказната за момче и девојка, кои потекнуваат од различни општествени класи и се вљубуваат, но нивната љубов на крај завршува трагично. Ерик Сигал, кој ја напиша истоимената книга за двајцата студенти од Весли колеџот, се потпиша и како режисер на филмот.

– Плачев како луда – изјави Али за моментот кога го читала сценариото, додека Рајан се потсети дека на по првата пробна сцена, му се пофалил на еден пријател дека бакнежот со Али бил толку страстен, што е сигурен дека ја добил улогата, за подоцна пријателот да му открие дека Али така ги бакнувала сите.

Сепак, хемијата меѓу главните актери во филмот беше толку голема, што таа е една од причините поради која тој опстана 50 години како најдобар љубовен филм. Иако не очекувале од студиото „Парамаунт“, филмот по седумте номинации за Оскар и заработка од 130 милиони долари, ги спаси од пропаст.

Слични објави

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо
Се вчитува....