18:21 - 2 април, 2026

Петар Грашо во среда пред скопската публика!

Една од најголемите хрватски ѕвезди, фантастичниот Петар Грашо доаѓа во Скопје на 19-ти (среда), но овој пат во сосема поразлично издание и на сосема поразлична локација – Грашо ќе биде дел од серијалот ексклузивни настани во првиот и единствен музички бар кај нас Intermezzo music bar.

„Ако те питају“, „Уторак“, „Ко нам брани“… се само дел од темите кои ќе се најдат на репертоарот на Грашо кого домашната публика за прв пат ќе има можност да го види во вакво издание – со ексклузивен настап и во амбиент каков што, како што вели, нема во големите концертни сали.

Гостувањето на Грашо затоа е уникатна можност не само да се ужива во неговата музика, туку и да се биде близу до човекот за кого велат – тој е најдобриот пејач меѓу кошаркарите и најдобриот кошаркар меѓу пејачите.

– Скопје ми е омилена дестинација и сум настапувал во сите концертни сали, но овој настап ми е особено инспиративен и е голем предизвик за мене затоа што сакам дружби на кои можам да бидам блиску до мојата публика. Драго ми е што во ова ’време – невреме’ ќе имаме можност малку да мислиме и на убави работи и убаво да се чувствуваме сите – вели Грашо.

Дека сите оние кои ќе бидат дел од овој ексклузивен настап на Грашо можат да се чувствуваат безбедно уверуваат и од првиот музички бар кај нас. Оттаму велат: „Сакаме да ги увериме нашите посетители дека сите забави се организираат според протоколот и одредбите кои се донесени од Владата и МЗ“.

Слични објави

Ја имаме вистинската адреса за вашиот совршен матурски изглед – во „Прагма“ убавината добива значење

Еспресо

Идеален десерт за Велигден – рецепт за Баскиска торта од сирење што го освои светот, иако е изгорена

Т.Ц.

(Фото) Јелена Розга „не ги соблекува“ штиклите од 750 евра: Ги има во повеќе бои и редовно ги носи на настапи

Еспресо

Почина дерматологот Тамара, ќерка на фотографот Јадран Лазиќ

Еспресо

Новости од Клиника „Жан Митрев“: Резонантната магнетофореза – современа неинвазивна терапија

Еспресо

(Фото) Јована Јеремиќ се пофали со скап подарок – Тигар дал 1.200 евра за прстен

Еспресо
Се вчитува....