05:04 - 7 април, 2026

ПЕЈАЧКАТА СИМОНА ПОПОВСКА СЕ ВРАЌА СО НОВА ПЕСНА: „Feels so good“ е песната на денот

симона поповска

По пауза од скоро година и половина од музичката сцена, нашата позната пејачка и доктор дерматолог Симона Поповска се враќа со нов сингл.

Причини за оваа пауза се остварувањето на Симона како мајка и донесувањето на свет на синот Никола. Тоа е едно слатко и убаво бебенце кое многу личи на убавата мама Симона.

Симона до пред некоја година беше позната и како член на единственото денс дуо кај нас Саунд Месинџерс заедно со Дј Ерик Фокс, кои беа доста актуелни со настапи по клубовите низ земјава па и надвор од неа. И овој пат со заедничка соработка Симона и Ерик повторно ни подготвија убаво музичко изненадување.
Се работи за нејзиниот нов сингл со наслов „Feel so good“. Музиката е на Ерик Фокс и Рената Кралевска со текст на Рената Кралевска, во продукција на Ерик Фокс. Музичкото „лирикс“ видео го изработи Зоран Зонде Стојановски.

 

Симона ни најавува уште неколку песни кои се очекуваат да излезат многу наскоро на македонски, а некои и на англиски јазик. Ова значи дека Симона ни најавува враќање на музичката сцена и нејзините настапи по локалите и клубовите.

Слични објави

Данијела Мартиновиќ одбележа четири години љубов: „Се заљубивме на Велигден“

Еспресо

Која е тајната на успехот на Јаков Јозиновиќ, новиот глас на љубовта во регионот кој за неколку дена ќе настапи во Скопје

Т.Ц.

Милица Тодоровиќ ѝ го честиташе роденденот на мајка си: Сподели емотивни моменти од семејниот дом

Еспресо

(Видео) Теа Таировиќ е бремена? – Пејачката изведе „жесток“ танц, но нејзиниот стомак на сите им падна во очи

E.A.

(Видео) Посебна почит: На гробот на Шабан Шаулиќ оставена златна крунa со скапоцени камења

Еспресо

Крај на шпекулациите: Неда Украден откри дали била во врска со Тони Бијелиќ

Еспресо
Се вчитува....