0.8 C
Скопје
04:34 - 27 октомври, 2026

(ФОТО) СЛАВЧО ПОПОСКИ ПАК СÈ ПОГОДИ: Снег на Пелистер! Нивоата на реките и езерата растат!

Нашиот метео прогнозер Славчо Попоски уште вчера го најави снегот во Македонија, а најави и дека можни се поплави поради поројните дождови кои долго време траат.

– Повремено врнежите ќе бидат и ПОИНТЕНЗИВНИ, а ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Не се исклучува можноста на највисоките планински места и за провејување на СНЕГ, не извести синоќа Попоски (прогнозата од вчера може да ја прочитате – ТУКА). 

РЕЧЕНО; СЕ ОСТВАРИ. 

фото – babambitola.mk

ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ ОД СНЕГОТ НА ПЕЛИСТЕР МОЖЕ ДА ВИДИТЕ НА СЛЕДНИОТ ЛИНК – ТУКА!

Попоски најавува и дека лошо време не чека за време на продолжениот викенд.

– Времето и нема баш да се погоди за време на претстојниот продолжен празничен викенд. Ќе продолжи да биде облачно и невообичаеноп СТУДЕНО со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и повторно ќе наврне ПОЗНАЧИТЕЛНО количество на воден талог (над 40 л/м2). Ќе дува и слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец. Повремено на високите планини ќе има услови и за провејување на СНЕГ, вели Попоски и продолжува:

– Температурите ќе се искачуваат во интервалот само од 7 до 15 степени., додека наутро температурите на многу места ќе бидат и под 10 степени, понекаде и под 5 степени.

И во Скопскиот регион во следните денови ќе се задржи облачно и невообичаено СТУДЕНО време со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од источен и од североисточен правец, додека температурите ќе се искачуваат во интервалот од 11 до 14 степени.

Да напоменеме дека поради невообичаено ниските температури за овој дел од годината, денеска на високите места во Македонија се забележаа и врнежи од снег, снег врнеше на Пелистер каде температурата падна дури и под нулата. Исто така поради интензивните врнежи, започна и најавеното зголемување на нивоата на реките и на езерата во Македонија. Зголемувањето на нивоата на истите ќе продолжи и понатаму, со оглед на тоа дека се очекуваат нови ПОИНТЕНЗИВНИ врнежи. Засега излегвање на истите не се очекува, можно е само излегвање на помалите реки низ Македонија, и на оние реки кои се наоѓаат покрај патишта, затоа особено на возачите ги советуваме да бидат внимателни доколку се движат покрај истите.

Слични објави

(Фото+видео) Познатата босанска инфлуенсерка го прослави 42. роденден како Марија Антоанета

Еспресо

(Фото) Македонската водителка Елена Стојановска ужива во Калифорнија — со сопругот прошета низ славниот Холивуд

К.С.

По гласините дека се повлекува од естрадата Ана Николиќ најави големо враќање: „Ви благодарам што бевте со мене, се гледаме во Арена“

Еспресо

Нивес Целзиус во правна битка со поранешниот сопруг – не се откажува од својот дел од имотот

Еспресо

(Видео) „Не се жестете, сите знаат колку ја сакам Македонија“: Ѓорѓе Давид им се извини на Македонците зашто „Дали чекаш стара мајчице“ ја нарече бугарска песна

Т.Ц.

Јелена Карлеуша откри дали планира свадба и бебе: Откри што ѝ порачале ќерките и како се согласува со Шево

Еспресо
Се вчитува....