14:29 - 2 април, 2026

Памела Андерсон се разведува после 12 дена брак!

Актерката Памела Андерсон се венчаше со продуцентот Џон Петерс, но бракот траеше само 12 дена.

Прочуената „зајачица“ рекла дека љубовта е „процес“ и соопштила дека таа и нејзиниот партнер сепак одлучиле да ја одложат формализацијата за добивање на венчалниот лист. Парот се венчал во општината, но според америчкиот закон бракот не е важечки додека венчалниот лист не е официјално издаден и заведен, што трае неколку недели.

Profimedia

Памела веќе 4 пати била во брак, како и Петерс, а ова ѝ е најкраткиот брак до сега.

„Веќе со децении јас можам да бирам која жена ја сакам. Светот е преполн со убави девојки. Но, веќе 35 години ја сакам само неа“, рекол при една прилика продуцентот за сега веќе поранешната сопруга.

Profimedia

Памела и Џон се забавувале пред повеќе од 30 години, а повторно запловиле во романса кон крајот на минатата година. Питерс бил фризер пред да одлучи да го вложи својот стекнат капитал во филмската индустрија, и уште од 70-те години е успешен продуцент. Џон исто така е познат по бројните скандали.

Слични објави

(Видео) Јаков Јозиновиќ ѝ одговори на Карлеуша: „Публиката го даде одговорот“

Еспресо

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо
Се вчитува....