03:51 - 7 ноември, 2026

„Овој прстен…“: Јелена Розга ги искоментира гласините за свршувачката со синот на Тончи Хуљиќ

Хрватската пејачка Јелена Розга ги искоментира шпекулациите дека се свршила со Иван Хуљиќ, откако вниманието на јавноста го привлече прстенот што го носи во последните денови.

Обожавателите веднаш почнаа да нагаѓаат дека станува збор за свршенички прстен, но пејачката кратко и јасно ги демантираше тие информации.

„Немам ништо за пријавување, не лажам – овој прстен е од спонзори“, изјави Розга.

Иако не крие дека на приватен план е среќна и вљубена, таа истакнува дека не брза со бракот. Сличен став имаше и претходно, кога нагласи дека ужива во врската, но не планира свадба во скоро време.

Розга ги негираше и шпекулациите дека подготвува голема свадбена прослава со стотици гости.

„Свадба со 500 гости? Па, ме знаете мене… и да правиме нешто, би било скромно. Не сакам претерувања, најмногу би сакала тоа да биде тивко и интимно. Нам ни е убаво и тоа е најважно“, порача пејачката.

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

Што открива денот во кој сте родени за вашиот карактер и за вашата судбина според древната астрологија?

Т.Ц.
Се вчитува....