20:04 - 8 ноември, 2026

(Видео) Сара Мејс отворено за љубовта и за неумесните коментари што ги добива

Сара Мејс отворено прозборе за љубовта и за некултурните луѓе кои ја повредиле со неумесни коментари.

Пејачката и харфистка која е мајка на две деца и мажена за водителот Димитар Атанасовски, во емисијата „Фидбек со Елена“ изјави:

„Поентата е тоа – да добиеш фидбек на љубов некаков, нели? Да не штедиш кога ти го даваш, зашто инаку нема шанси да го добиеш ако не го дадеш. Како бумеранг е некако. Како силата е – колку повеќе ја трошиш, толку повеќе ја добиваш. Како љубовта е – колку повеќе ја трошиш и даваш, толку повеќе ја добиваш.

​Така што, за среќа, фала му на Бога, јас сум задоволна од фидбекот којшто го добивам. Се разбира дека секој пат има некои неубави, да речеме, не токму моменти, коментари… некултурни, невоспитани луѓе се разбира дека постојат. Апсолутно. И дека ќе имаме, нели, непријатни ситуации. Тоа не ми е нешто ново, сосема ми е во ред. Го прифаќам, го препознавам и му дозволувам да си помине без да му придавам нешто многу внимание и значење“, рече Сара Мејс.

Потоа зборувајќи за себеси како харфистка со Националната опера и балет додаде дека не е лесно да си професионален музичар.

„За да спремиш една опера, на пример, за да отидеш на оркестарска проба и кога ќе дигне раце диригентот ти да треба да свириш заедно со оркестарот, треба претходно многу да вежбаш. Ако секој ден не вежбаш по минимум три-четири часа на ден, ти не си музичар“, откри Сара.

Слични објави

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо

(Видео) Објавена домашна снимка од Јелена Карлеуша и Шева: Романтична атмосфера во вилата на Дедиње

Еспресо
Се вчитува....