03:43 - 15 декември, 2025

Особено тежок период за британската кралица Елизабета II: Ѝ остана само кучето Кенди

Деновиве постојано се пишува дека ова ќе биде првиот Божиќ во историјата што кралицата Елизабета Втора ќе го помине сама со нејзиниот сопруг без традиционалниот собир на целото семејство во Сандрингем, сега пристигнуваат уште потешки вести за кралицата.

Како и за сите нас, оваа година е особено тешка за британската кралица Елизабета. Освен што честопати се одделуваше од своите најблиски поради здравствената состојба и ризикот од коронавирусот, таа сега остана и без своето сакано куче.

Instagram
Instagram

Имено, добро е познато колку кралицата е приврзана за своите миленици. На многу рана возраст го добила својот прв велшки корги, кучето што подоцна станало нејзина голема љубов. За време на нејзиното владеење имала вкупно 30 кучиња.

Instagram
Instagram

Минатиот октомври, последниот корги на кралицата почина, ставајќи крај на кралската династија со слатки корги од 1944 година, кога Елизабета го доби своето прво куче Сузан како подарок за нејзиниот 18 роденден.

Instagram
Instagram

Затоа минатата година таа одлучила да не ги пари повеќе, затоа што и таа веќе е многу стара и не можела да им се посвети.

Instagram
Instagram

Пред неколку дена ја напушти уште едно нејзино сакано милениче наречено Вулкан, со што кралицата остана само со едно куче, Кенди. Иако не е позната причината за смртта на кучето, јавноста знаеше дека е старо 13 години.

Кучињата ѝ беа утеха на кралицата особено во последните месеци, кои ги поминува претежно сама или со сопругот принцот Филип во шкотскиот замок Балморал.

Instagram
Instagram

Таму, тие се обидуваат да се заштитат од коронавирусот, кој „коси“ низ светот веќе десетина месеци и зема сè повеќе жртви.

Instagram
Instagram

Поради посебните мерки издадени од британската влада, и за монархијата, празниците многу ќе се разликуваат од претходните години. Сите вообичаени протоколи и собири во Сандрингем се откажани.

Instagram
Instagram

Слични објави

„Користи лекови, има пиштол, импотентен е и е шворц“: Атина Ферари со шок-тврдења за Аца Лукас

Еспресо

Ера Ојданиќ го воодушеви внукот: За 18. роденден му подари подарок вреден 160.000 евра

E.A.

(Фото) Кадар што ги топи сите срца: Милан Васиќ покажа како го разгалува својот син Деспот

Еспресо

(Фото) Погледнете ги луксузните празнични декорации на најбогатата балканска пејачка!

Еспресо

Ана Николиќ е во емоционална и финансиска криза: Раста нема намера да ѝ помогне

Еспресо

Синот на Марија Шерифовиќ веќе прави палавштини: Баба Верица го брани на свој начин

Еспресо
Се вчитува....