12:49 - 7 ноември, 2026

Одбиена жалбата на Џони Деп во случајот против списанието „Сан“

На почетокот од месецов актерот ја изгуби судската битка против списанието „Сан“ поради текстот во кој беше наречен „тепач на жени“. Тогаш тој најави жалба, која беше поднесена во судот, но сега е одбиена со образложение дека нема основа.

Судијата Ендру Никол го одбил барањето за поднесување жалба од страна на Џони Деп, во врска со пресудата во случајот против списанието „Сан“, за написот во кој се пишуваше дека ја тепал сопругата Амбер Херд. На актерот му беше наредено да плати 628.000 британски фунти (840.000 долари) за отштета на „Њуз груп“, издавачка куќа на неколку весници, меѓу кои и на таблоидот „Сан“.

Деп најави жалба, но судијата го одбил барањето со објаснување дека нема „разумна можност за успех“. Како што се наведува понатаму во објаснувањето од судијата Никол, жалбата е во ред да се поднесе ако може да се докаже дека судијата донесол погрешна одлука, што не е случај со пресудата во полза на таблоидот.

Во врска со ова се огласи и американската советничка на Херд, Елејн Чарлсон Бедехофт, која изјави дека сега се уште порешителни да се борат во тужбата на Деп од 50 милиони долари против Херд во САД, за која судењето е одложено до мај 2021 година.

Адвокатите на Деп ја нарекоа одлуката на судијата „первезна и збунувачка“.

Сите овие случувања, за Џони Деп значеа губење неколку улоги, меѓу кои и најважната – Гринделвалд во третиот дел од франшизата „Фантастични ѕверки и каде да ги најдете“.

Слични објави

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

Викенд-појадок што мириса на детство — меки ролнички со сирење, готови за помалку од еден час

К.С.

Хороскоп за 7 ноември: Девиците ќе добијат пофалба што ќе им го разубави денот, Скорпиите ќе ја послушаат интуицијата

Еспресо

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....