15:17 - 1 април, 2026

Нина Бадриќ ѝ се посвети на верата: „Ме води низ животот и најтешките искушенија“

Хрватската пејачка Нина Бадриќ (53) последниве години целосно се посвети на верата, а тоа го потврди и со последната објава на својот профил на Инстаграм.

Таа сподели фотографии од посета на свето место и ги придружи со зборовите: „Носеше ме низ најтешките денови, носиш ме и низ вода и оган. Мајко“, алудирајќи на Мајката Божја.

Бадриќ повеќепати зборуваше за тоа колку молитвата ѝ помага да остане силна и смирена. Според нејзините зборови, токму верата ѝ донела духовен мир и ја научила на безусловно давање.

„Можеби верата ме најде мене пред повеќе од десет години, во момент кога сфатив дека светот не може целосно да ме исполни. Секогаш недостасуваше нешто мало. Сега знам дека полесно е кога имаш некого зад себе, кој ти дава сила“, изјави Бадриќ.

Пејачката неодамна се потсети и на своите почетоци, истакнувајќи дека токму музиката е нејзиниот животен пат.

„Сè започна во деведесеттите кога првиот професионален договор го потпишав со Рајко Дујмиќ и Хоура. Не знам што видоа во една непозната девојка, но сè што тогаш ми рече Рајко брзо стана моја реалност. Тоа девојче од Загреб и денес не ја симна насмевката од лицето – инает на животот“, напиша таа.

Бадриќ се присети и на тежината на годините зад себе: „Имаше сè – неправди, борби, болки, погрешни средби, љубови што повеќе жулеле отколку што милувале. Поднесов многу неправди, а не реков ниту збор. Денес, кога се присетувам, се прашувам од каде ми сила и храброст да се фрлам сама во сето тоа. Но, отсекогаш бев истата девојка од центарот на Загреб, со еден сон – музиката да биде мој живот. И борец, и дама. Таква сум по природа“.

Слични објави

(Фото) Крајно непријатно – Азис не може да спие на стомак поради новите гради

E.A.

(Фото) По долго време, Искра Трпева ѝ се врати на старата љубов

msp-admin

Ана Николиќ e загрижена за здравјето на Рале: „Состојбата е сѐ полоша и полоша“

Еспресо

(Фото) Ирена Спировска во елегантен и гламурозен фустан, привлече внимание на посебен настан

Еспресо

Јована Јеремиќ е страв и трепет за угостителите: „Полоша сум од инспекција, не ми замерувајте“

E.A.

(Фото) Живкица во гламурозно издание, тој е заслужен за ова

apostolova
Се вчитува....