13:19 - 26 ноември, 2026

(Фото) Ексцентричниот Азис изненади со нов изглед: „Си пробувам фустани за концертот“

Азис, кралот на бугарската поп-фолк сцена, отсекогаш важел за ексцентрична личност кога станува збор за неговиот сценски настап. Иако во последните години се појавуваше со повеќе мажествен изглед, а ретко во женска облека, овој пат повторно ја изненади јавноста.

На последните фотографии што ги објави на социјалните мрежи, пејачот позира во елегантен и блескав син фустан, објаснувајќи дека пробува различни тоалети за претстојниот концерт на 14 февруари 2026 година во „Арена Софија“.

„Кога Емануела си го заборави фустанот кај мене дома. Веднаш следуваат проби за мојот концерт“, напиша Азис во описот на фотографиите, алудирајќи дека токму колешката му го позајмила фустанот за фотосесијата.

Фото: Инстаграм/Азис

Пејачката Емануела, со која Азис е во блиски односи, ден претходно му донела домашни полнети пиперки што тој ги пофалил, па не е исклучено таа да биде и специјална гостинка на неговиот настап.

Фотографиите предизвикаа бројни коментари на социјалните мрежи, а дел од обожавателите сметаат дека Азис се враќа кон имиџот од своите почетоци, кога редовно настапуваше во женски фустани. Фановите дури шпекулираат дека на сцената во „Арена Софија“ би можел да се појави во легендарниот бел фустан од видеоспотот за неговиот мегахит „Ледена кралица“.

Слични објави

Хуман гест: „Некст тајм“ донираше 100 билети за концертот за социјално загрозени семејства

Еспресо

Неда Украден во домашно издание без шминка: „Најголема радост е со љубов да се подготви трпеза за најблиските“

Е.А.

(Видео) Верица Ристевска по долго време повторно пред скопската публика: легендарниот глас се враќа на сцената

Еспресо

Едита Арадиновиќ за мајчинството, кредитот за куќата и односот со поранешниот партнер: „Зоја има прекрасен татко, а мене во моментов ми е важен мирот“

Е.А.

Совршен десерт за студените денови — рецепт за сочен колач со цимет и овесно брашно

К.С.

Дневен хороскоп за 26 ноември: Не преземајте туѓи задачи ако веќе имате свои одговорности

apostolova
Се вчитува....